Даглас Луис
Даглас Луис | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Даглас Луис Соарес де Пауло[1] | ||
Роден на | 9 мај 1998 | ||
Роден во | Рио де Жанеиро, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | м[2] | 1,75||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 26 | ||
Младинска кариера | |||
Васко да Гама | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016-2017 | Васко да Гама | 35 | (5) |
2017-2019 | Манчестер Сити | 0 | (0) |
2017-2019 | → Џирона | 38 | (0) |
2019-2024 | Астон Вила | 175 | (20) |
2024- | Јувентус | 3 | (0) |
Репрезентација | |||
2016-2017 | Бразил 20 | 7 | (0) |
2019-2021 | Бразил (олимп.) | 13 | (2) |
2019- | Бразил | 18 | (0) |
Даглас Луис Соарес де Пауло (роден на 9 мај 1998 во Рио де Жанеиро) — бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на бразилската репрезентација.
Биографија
[уреди | уреди извор]Тој е во врска со неговата колешка Алиша Леман, која исто така игра за Јувентус.
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Играч од средниот ред, со добра техника и одлична физичка подготвеност.[3][4] Во првите години од кариерата играл како медијано, покажувајќи се како способен да помага на одбраната и да ја постави играта.[3] Меѓу неговите најсилни страни се одземањето на топката, и способноста за трчање и покривање на теренот (усовршена во Астон Вила под водството на Унаи Емери), а покрај тоа се појавува и како многу вешт во завршување на акциите и постигнување на голови.[3][4][5] Исто така, тој е познат како добар изведувач на пенали.[3][6]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци и Васко да Гама
[уреди | уреди извор]Роден во Рио де Жанеиро, тој се приклучил на младинската академија на Васко да Гама во 2013 година, на возраст од 14 години.[7] Во јули 2016 година, тој бил промовиран во првиот тим од тренерот Жоржињо по повредата на Марсело Матос.[8]
Своето деби за првиот тим го направил на 27 август 2016 година, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Фелипе Габриел во ремито 2–2 на гости против Тупи во Серија Б првенството. Во неговиот прв старт за тимот, три дена подоцна, тој го постигнал единствениот гол за неговиот тим во поразот со 2–1 од Вила Нова. Задржувајќи го своето место во почетната постава до крајот на годината, тој изборил промоција со клубот во бразилската Серија А. Во меѓувреме, тој исто така, го продолжил договорот до 2019 година, на 26 септември 2016 година.[9]
Даглас Луис го направил своето деби во главната категорија на бразилскиот фудбал на 14 мај 2017 година, започнувајќи во поразот со 4–0 на гости против Палмеирас. Неговиот прв гол во дивизијата дошол на 10 јуни, кога го постигнал вториот за неговиот тим во победата на домашен терен со 2–1 против Спорт Ресифе. Сезоната ја завршил со 24 настапи и 3 гола.
Манчестер Сити и заемот во Џирона
[уреди | уреди извор]На 15 јули 2017 година, бил официјализиран неговиот трансфер во англискиот клуб Манчестер Сити за сума од 12 милиони евра.[10][11]
На 1 август истата година, бил позајмен на Џирона, новопромовираната екипа во шпанската Примера Дивисион.[12] Своето деби за каталонците го направил на 26 август, влегувајќи како замена на местото на Порту во вториот првенствен натпревар, победата со 1-0 против Малага.[13] Својот прв настап како стартер го имал на 23 септември во поразот со 3-0 на домашен терен од Барселона.[14] Ова бил негов единствен првенствен настап како стартер во текот на сезоната, со уште два во Купот на Шпанија, завршувајќи ја сезоната со вкупно 15 настапи.
На 31 август 2018 година, неговата позајмица со Џирона била обновена за уште една година.[15] За време на сезоната 2018-2019, тој добил многу поголема минутажа и настапи, и покрај проблемите со некои повреди, забележал 29 настапи без голови и асистенции. Така, тој го завршил своето искуство во Шпанија со 46 настапи.
Астон Вила
[уреди | уреди извор]На 25 јули 2019 година, тој бил продаден за петнаесет милиони фунти на англискиот клуб од Премиер лигата, Астон Вила.[16][17] Своето деби за Вила го направил на 10 август, влегувајќи како замена во првото коло од првенството, поразот со 3-1 на гостувањето кај Тотенхем.[18] Во следниот натпревар, поразот со 2-1 на домашен терен од Борнмут, тој дебитирал како стартер и исто така го постигнал својот прв гол со новиот дрес.[19] Откако станал стартер, тој повторно постигнал гол во победата со 5-1 против Норич Сити на 5 октомври.[20] Својата прва сезона ја завршил со 42 настапи и 3 гола, играјќи го и своето прво финале во кариерата, во Лига купот каде Астон Вила загубила со 2-1 од Манчестер Сити.[21]
Во следните две сезони, тој се потврдил како многу важен играч за тимот. Во сезоната 2022-2023, со 37 настапи, 6 гола и 6 асистенции, тој му помогнал на клубот да избори пласман во европските натпреварувања со освојувањето на седмата позиција во првенството, нешто што и недостасувало на Астон Вила дванаесет сезони. На 23 август 2023 година, тој го направил своето деби во европските натпреварувања, во првиот натпревар од плејофот во Лигата на конференции, победата со 5-0 над Хиберниан, каде што го постигнал и својот прв гол.[22] Во реваншот, добиен со 3-0, тој за првпат ја носел капитенската лента на Астон Вила.[23] На 22 октомври, тој постигнал два гола во еден натпревар за првпат во кариерата во победата од 4-1 против Вест Хем Јунајтед.[24] На 24 февруари 2024 година, тој го постигнал својот десетти гол во сезоната, во победата од 4-2 против Нотингем Форест.[25] На 14 март, тој забележал две асистенции победата со 4-0 над Ајакс во реваншот од осминафиналето на Лигата на конференции, достигнувајќи до бројката од 10 и во оваа статистичка категорија.[26]
Јувентус
[уреди | уреди извор]На 30 јуни 2024 година, Даглас Луис бил купен од Јувентус за 50 милиони евра, плус дополнителни трошоци од 1,5 милиони;[27][28][29] операција поврзана со заминувањето на Самуел Илинг-Џуниор и Енцо Баренечеа од Јувентус во Астон Вила, но се управува одделно на финансиско ниво:[30] вкрстените трансфери на тројцата играчи означуваат паричен надомест од 28 милиони евра во корист на англискиот клуб.[31][32][33] На 19 август, тој го направил своето деби за Јувентус во натпреварот на домашен натпревар против Комо, заменувајќи го Мануел Локатели во второто полувреме. На 17 септември, тој исто така дебитирал во Лигата на шампионите, во победата со 3-1 над ПСВ Ајндховен, заменувајќи го Вестон Мекени на 15-тина минути пред крајот.[34]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Млади репрезентации и олимписка репрезентација
[уреди | уреди извор]Даглас Луис играл за младата репрезентација на Бразил под 20 години за која за првпат бил повикан во 2016 година, дебитирајќи во пријателскиот натпревар на 12 октомври против Еквадор, кој кариоките го добиле со 3-0. На почетокот на 2017 година, тој учествувал на Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години, каде одиграл пет натпревари од вкупно девет.
Во летото 2019 година, тој учествувал на Турнирот во Тулон, каде што го имал своето деби на 2 јуни како капитен во победата со 4-0 против Гватемала под 23 години. Потоа, исто така, настапил и во финалето, добиено со 6-5 по изведување на пенали против Јапонија, каде што исто така го реализирал својот удар од белата точка.[35]
Во 2021 година, тој бил повикан во Олимписката репрезентација на Бразил за да учествува на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри 2020.[36] Своето деби го имал во првиот натпревар од групата против Германија, добиен со 4-2.[37] Во следниот натпревар против Брегот на Слоновата Коска, тој добил црвен картон по само 14 минути.[38] По враќањето, тој започнал во победите во четвртфиналето против Египет (1-0) и во полуфиналето на пенали против Мексико, како и во финалето, каде до златниот медал дошле со победата над Шпанија со 2-1 по продолженија.[39][40][41]
Сениорска репрезентација
[уреди | уреди извор]На 19 ноември 2019 година, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација, во пријателската победа со 3-0 против Јужна Кореја во Абу Даби.[42][43] На 10 октомври 2020 година, тој го направил своето деби како стартер за Селесао во победата од 5-0 против Боливија во КОНМЕБОЛ квалификациите за Светското првенство 2022.[44] Во 2021 година, тој бил повикан за Копа Америка каде што го одиграл третиот натпревар од групата, ремито 1-1 против Еквадор и влегол како замена во полуфиналето, победата со 1-0 против Перу.[45][46]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Сениорска репрезентација
[уреди | уреди извор]Олимписка репрезентација
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
22-7-2021 | Јокохама | Бразил | 4 – 2 | Германија | Олимписки игри 2020 - Прва фаза | - | 83' | |
25-7-2021 | Јокохама | Бразил | 0 – 0 | Брег на Слоновата Коска | Олимписки игри 2020 - Прва фаза | - | 14' | |
31-7-2021 | Саитама | Бразил | 1 – 0 | Египет | Олимписки игри 2020 - Четвртфинале | - | ||
3-8-2021 | Кашима | Мексико | 0 – 0 прод. (1 – 4 пен.) |
Бразил | Олимписки игри 2020 - Полуфинале | - | 110' 115' | |
7-8-2021 | Саитама | Бразил | 2 – 1 прод. | Шпанија | Олимписки игри 2020 - Финале | - | 89' | |
Вкупно | Настапи | 5 | Голови | 0 |
Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 2 октомври 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2016 | Васко да Гама | Б | 14 | 2 | КБ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 15 | 2 |
јан.-јул. 2017 | А | 11 | 1 | КБ | 3 | 0 | - | - | - | КАР | 10 | 2 | 24 | 3 | |
Вкупно Васко да Гама | 25 | 3 | 4 | 0 | - | - | 10 | 2 | 39 | 5 | |||||
2017-2018 | Џирона | ПД | 15 | 0 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 17 | 0 |
2018-2019 | ПД | 23 | 0 | КШ | 6 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 0 | |
Вкупно Џирона | 38 | 0 | 8 | 0 | - | - | - | - | 46 | 0 | |||||
2019-2020 | Астон Вила | ПЛ | 36 | 3 | ФАКуп+ЛК | 0+6 | 0 | - | - | - | - | - | - | 42 | 3 |
2020-2021 | ПЛ | 33 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 0 | |
2021-2022 | ПЛ | 34 | 2 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 2 | |
2022-2023 | ПЛ | 37 | 6 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 40 | 7 | |
2023-2024 | ПЛ | 35 | 9 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 0 | ЛК | 14[47] | 1[48] | - | - | - | 53 | 10 | |
Вкупно Астон Вила | 175 | 20 | 15 | 1 | 14 | 1 | - | - | 204 | 22 | |||||
2024-2025 | Јувентус | A | 5 | 0 | КИ | - | - | ЛШ | 2 | 0 | СИ+Скп | - | - | 7 | 0 |
Вкупно во кариерата | 242 | 23 | 27 | 1 | 16 | 1 | 10 | 2 | 296 | 27 |
Титули
[уреди | уреди извор]- Бразил
- Турнир во Тулон : 1
- Златен медал: 2020
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Updated squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 2 February 2018. Посетено на 15 February 2018.
- ↑ „Douglas Luiz: Overview“. Premier League. Посетено на 17 August 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Gamer, pescatore e 'box to box': chi è Douglas Luiz“. 2024-06-13. Посетено на 2024-06-13.
- ↑ 4,0 4,1 „"Douglas Luiz? Sono assolutamente stupito. Juve, fai un colpaccio mondiale"“. 11 јуни 2024. Посетено на 2024-06-13.
- ↑ „Juventus, spunta Douglas Luiz: McKennie o Soulé per l'Aston Villa“. Посетено на 2024-06-13.
- ↑ „Douglas Luiz - Gol da rigore“. Посетено на 2024-06-13.
- ↑ „Conheça a trajetória de Douglas Luiz no Vasco“ [Know the path of Douglas Luiz at Vasco] (португалски). NetVasco. 1 September 2016. Посетено на 27 August 2017.
- ↑ „Peneira, tiroteio e esperança: a história de Douglas Luiz, promessa do Vasco“ [Trial, gunfire and hope: the story of Douglas Luiz, prospect of Vasco] (португалски). Globo Esporte. 16 July 2016. Посетено на 27 August 2017.
- ↑ „Tratado como joia, Douglas Luiz renova com o Vasco até 2019“ [Treated as a pearl, Douglas Luiz renews with Vasco until 2019] (португалски). ESPN Brasil. 26 September 2016. Посетено на 27 August 2017.
- ↑ Rob Pollard (15 јули 2017). „Man City signs Douglas Luiz“ (англиски). Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Официјало : Даглас Луиз потпиша за Сити“. supersport.mk. 15 јули 2017. Посетено на 15 септември 2024.
- ↑ Rob Pollard (1 август 2017). „Douglas Luiz joins Girona on loan“ (англиски). Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Histórico Girona: logra la primera victoria de su historia en Primera“ (шпански). 26 август 2017. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Liga, Girona-Barcellona 0-3: autoreti di Aday Benitez e Iraizoz, più Suarez“. La Gazzetta dello Sport. 23 септември 2017. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ James Robson (31 август 2018). „Manchester City's Douglas Luiz set for second Girona loan after work permit denied“ (англиски). Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Transfer News: Douglas Luiz joins Aston Villa“ (англиски). 25 јули 2019. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Douglas Luiz: Aston Villa sign £15m Man City midfielder“ (англиски). BBC. 25 јули 2019. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Tottenham-Aston Villa 3-1: vittoria in rimonta, decisiva la doppietta di Kane“. Sky Sport. 10 agosto 2019. Посетено на 12 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Aston Villa-Bournemouth 1-2“. Sky Sport. 17 август 2019. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Norwich City-Aston Villa 1-5“. Sky Sport. 5 октомври 2019. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Aston Villa-Manchester City 1-2: Aguero e Rodri regalano la Coppa di Lega ai Citizens“. 1 март 2020. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Playoff Conference League, Aston Villa show: 5-0 all'Hibernian, tripletta Watkins!“. Corriere dello Sport. 23 август 2023. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Aston Villa 3-0 Hibernian (8-0 agg): Matty Cash scores again as Unai Emery's men book Europa Conference League group-stage spot“ (англиски). Sky Sports. 31 agosto 2023. Посетено на 12 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Premier League: l'Aston Villa vince con Zaniolo titolare“. 22 октомври 2023. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ „Aston Villa 4-2 Nottingham Forest: Douglas Luiz double helps keep Villa on track for Champions League“ (англиски). 24 февруари 2024. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ Adam Bate (15 март 2024). (англиски) https://www.skysports.com/football/news/11095/13092719/aston-villa-4-0-ajax-agg-4-0-villa-power-through-to-europa-conference-league-quarter-finals. Посетено на 12 јуни 2024. Занемарен непознатиот параметар
|titolo=
(се препорачува|title=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Douglas Luiz departs“ (англиски). Занемарен непознатиот параметар
|accesso=
(се препорачува|access-date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ https://www.juventus.com/it/news/articoli/ufficiale-douglas-luiz-e-un-giocatore-della-juventus. Занемарен непознатиот параметар
|titolo=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Accordo con l'Aston Villa per l'acquisizione definitiva del calciatore Douglas Luiz“ (PDF). 30 јуни 2024. Посетено на 30 јуни 2024.
- ↑ Matteo Spaziante (2024-07-01). „Juve, le plusvalenze nelle operazioni con l'Aston Villa: «Affari separati ma decisione entro febbraio»“. Calcio e Finanza. Посетено на 2024-09-06.
- ↑ „Accordo con l'Aston Villa per la cessione definitiva dei calciatori Iling-Junior e Barrenechea“ (PDF). 1 јули 2024.
- ↑ „Ufficiale | Iling Junior all'Aston Villa“. 1 јули 2024.
- ↑ „Enzo Barrenechea all'Aston Villa a titolo definitivo“. 1 јули 2024.
- ↑ „Yildiz da sballo, la Juve fa male: la Champions di Thiago Motta comincia dal tris al Psv“. La Gazzetta dello Sport (италијански). Посетено на 2024-09-18.
- ↑ Rob Blanchette (15 јуни 2019). „Brazil Beat Japan on Penalties to Win 2019 Toulon Tournament Final“ (англиски). Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ „Convocati Brasile per Tokyo 2020: non c'è Neymar, Dani Alves il fuoriquota“. 17 јуни 2021. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ „Il Brasile affonda la Germania con una tripletta di Richarlison“. 22 јули 2021. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ „Gignac trascina la Francia, Brasile-Costa d'Avorio 0-0“. Rai Sport. 25 јули 2021. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ Paolo Camedda (31 јули 2021). „Olimpiadi, quarti di finale: la Spagna elimina la Costa d'Avorio, Brasile avanti“. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ Salvatore Serio (3 август 2021). „Calcio, Olimpiadi Tokyo: il Brasile batte ai rigori il Messico e vola in finale“. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ „Olimpiadi Tokyo 2020 - Calcio, Brasile Campione Olimpico. Spagna battuta ai supplementari 2-1“. Eurosport. 7 август 2021. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ „Brasil vence a Coreia do Sul no último jogo preparatório de 2019“ (португалски). 19 ноември 2019. Посетено на 21 јануари 2020.
- ↑ „Brasile-Corea del Sud 3-0: Paquetà e Danilo trascinano la Seleção“. Sky Sport. 19 ноември 2019. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ Mauricio Cannone (10 октомври 2020). „Goleada Brasile: 5-0 alla Bolivia, Neymar magico ma non segna“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ „Brasile-Ecuador 1-1, Tricolor ai quarti. Avanti anche il Perù, Venezuela eliminato“. Sky Sport. 28 јуни 2021. Посетено на 11 јуни 2024.
- ↑ Adriano Seu (6 јули 2021). „Neymar-Paquetà, coppia vincente. Il Brasile regola il Perù 1-0 e vola in finale“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 11 јуни 2021.
- ↑ Вклучувајќи 2 во плејоф рундата од квалификациите.
- ↑ Во плејоф рундата од квалификациите.
- ↑ „Festival International Espoirs Football Tournoi Maurice Revello Toulon“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Даглас Луис“ на Ризницата ? |
|