ФА Куп 2023-2024 - 143-тото издание на ФА Купот, најважниот куп во англискиот фудбал и најстарото елиминационо натпреварување во светот. Турнирот е спонзориран од Емирејтс.
Во финалето на ова издание на 25 мај 2024 година на стадионот Вембли играле Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, како реприза на финалето од претходната сезона, во кое Манчестер Сити победиле со 2-1. Ова било првпат во историјата на ФА Купот во финалето да играат истите клубови кои играле и во претходното издание, уште од сезоната 1884–1985.
Победник овојпат била екипата на Манчестер Јунајтед, која во финалето го победила Манчестер Сити со 2-1.[1] За Јунајтед ова била 13-тата титула во натпреварувањето во нивната историја.
Натпреварувањето се состои од 92 екипи од системот на фудбалската лига (20 екипи од Премиер лигата и вкупно 72 од Чемпионшип, Лига Еден и Лига Два) плус 32 квалификувани екипи од 640-те екипи од системот на Националната лига (од 5-то до 10-то ниво на англискиот фудбалски систем) кои го започнале натпреварувањето во квалификациските рунди.[2]
Паровите за сите рунди биле извлечени со ждрепка, обично на крајот од претходната рунда или во живо вечерта за време на последниот телевизиски натпревар од тековната рунда, во зависност од ТВ правата.
Фаза
Рунда
Жреб
Дата
Натпревари
Екипи
Екипи кои се приклучиле
Првенства кои се приклучиле
Квалификациски кола
Екстра преелиминарно коло
7 јули 2023
4 август 2023
208
416 → 208
416
N&S&I Дивизија Еден (95 клуба најслабо пласирани), CC&HFL&SCEF&SSMFL, 10. дивизија (најдобро пласирани клубови)
↑ Nonostante il Barnsley abbia vinto il replay del Primo turno, è stata successivamente data la vittoria a tavolino ai suoi avversari del Horsham per aver schierato un calciatore non avente titolo