Бенедикт Хеведес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Германија Бенедикт Хеведес
FIFA WC-qualification 2014 - Austria vs. Germany 2012-09-11 - Benedikt Höwedes 05.JPG
Лични податоци
Полно име Бенедикт Хеведес[1]
Роден на 29 февруари 1988 (1988-02-29) (31 г.)
Роден во Халтерн, Германија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 21
Агент Германија Волкер Струт
Младинска кариера
Халтерн
Шалке 04 Шалке 04
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2009 Шалке 04 II Шалке 04 II 15 (0)
2007- Шалке 04 Шалке 04 240 (12)
2017- Јувентус Јувентус 3 (1)
Репрезентација
2005-2006 Германија Германија 18 3 (0)
2006-2007 Германија Германија 19 16 (0)
2007-2010 Германија Германија 21 23 (3)
2011- Германија Германија 44 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 јули 2012

Бенедикт "Бени" Хеведес (роден на 29 февруари 1988) е германски професионален фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на германската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Централен одбранбен играч, кој може да игра насекаде во дефанзивната линија.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Шалке 04[уреди | уреди извор]

Хеведес на тренинг со Шалке 04 во 2011

Хеведес е роден во Халтерн и започнал да игра фудбал на шест годишна возраст во локалниот клуб ТУС Хатерн, во кој своите кариери ги започнале и некогашните младинци на Шалке 04, Криштоф Мецелдер и Серхио Пинто. Слично како споменатите двајца и Бенедикт му се приклучува на младинскиот тим на Шалке во 2001 година. Како еден од најдобрите играчи во својата генерација бил капитен на тимот на Шалке до 19 години, а на 19 јануари 2007 го потпишал својот прв професионален договор со клубот. Сезоната ја 2006-07 ја завршил играјќи за вториот тим на Шалке 04 во Оберлигата, но на 10 март 2007 го добил својот прв повик во првиот тим за гостувањето кај Хановер, но останал не искористена замена.

На 3 октомври 2007, го направил своето деби за првиот тим на Шалке, започнувајќи во стартната постава во натпреварот од Лигата на шампионите против Розенборг, поради повредата на Кристијан Пандер. Хеведес го одиграл целиот натпревар, а Шалке победил со 2-0 на гости. Три дена подоцна тој дебитирал во Бундеслигата, повторно како стартер, во поразот со 2-0 на домашен терен од Карлсруе. Својата прва сезона во дресот на Шалке ја завршил со вкупно 9 настапи (6 во Будеслигата и 3 во Лигата на шампионите).

Во следната сезона одиграл многу поголем број на натпревари. На 19 октомври 2008 го постигнал својот прв гол во кариерата на гостувањето против Хамбургер, во натпревар што завршил без победник 1-1. На 10 декември го продолжил својот до 30 јуни 2014 година. Неговиот втор погодок за сезоната се покажал победнички за неговиот тим во минималната победа над Вердер Бремен со 1-0. Сезоната ја завршил со преку 30 натпревари во сите натпреварување.

На 23 јули 2011, Хеведес бил избран за капитен на Шалке.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 30 август 2017, Хеведес му се приклучил на Јувентус на едногодишен заем за сума од 3.5 милиони евра, со право на откуп за уште 13 милиони евра.[2] Дебитирал за Јувентус во Серија А на 26 ноември, во победата со 3-0 на домашен терен над Кротоне.[3] На 15 април 2018, го постигнал својот прв гол за Јувентус, во вториот настап за клубот, во победата со 3–0 на домашен терен над Сампдорија.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Хеведес во дуел со Есекиел Лавеци од Аргентина во финалето на Светското првенство 2014.

Како член на репрезентацијата под 19 години, Хеведес играл во полуфиналето на европското првенство под 19 години во 2007 година, додека во 2009 година со репреезентацијата под 21 година го освоил европското првенство во Шведска.

За сениорската репрезентација дебитирал на 29 мај 2011 во пријателски натпревар против Уругвај. На 7 јуни 2011 го одиграл својот прв официјален натпревар за Германија во квалификациите за Евро 2012 против Азербејџан. Германците го добиле натпреварот со 3-1, а Хеведес бил асистент за првиот гол кој го постигнал Месут Езил.

Во мај 2012 селекторот на Германија Јоаким Лев го избрал мѓу 23-цата играчи за Европското првенство во Полска и Украина.

На 15 август 2012, тој го постигнал првиот гол за својата репрезентација во поразот со 1–3 на домашен терен од Аргентина.[5]

Во јули 2014 година станал светски првак, освојувајќи го Светско првенство во Бразил 2014.[6][7]

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2007-2008 Германија Шалке 04 БЛ 6 0 КГ 0 0 ЛШ 3 0 ЛКГ 0 0 9 0
2008-2009 БЛ 24 2 КГ 2 0 ЛШ+КУ 2[8]+5 0 - - - 33 2
2009-2010 БЛ 33 3 КГ 5 3 - - - - - - 38 6
2010-2011 БЛ 30 1 КГ 6 1 ЛШ 10 2 СГ 1 0 47 4
2011-2012 БЛ 22 1 КГ 3 0 ЛЕ 8[9] 0 СГ 1 0 34 1
2012-2013 БЛ 32 0 КГ 3 0 ЛШ 8 2 - - - 43 2
2013-2014 БЛ 19 1 КГ 3 1 ЛШ 10[9] 0 - - - 32 2
Вкупно во кариерата 166 8 22 5 46 4 2 0 236 17

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Хеведес (третиот од лево во долниот ред) ја слави победата на Светското првенство 2014 со соиграчите од германската репрезентација.

Германија Шалке 04[10][уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Германија Германија[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“ (PDF), FIFA, 11 јуни 2014, стр. 16 (посет. 11 јуни 2014 г).
  2. „Benedikt Howedes: Schalke defender joins Juventus on loan“. BBC Sport. 30 August 2017. конс. 30 August 2017. 
  3. „Juventus break down Crotone wall“. Football Italia. 26 November 2017. 
  4. „Juve and the joy of six“. Football Italia. 15 April 2018. 
  5. Argentina beats Germany 3–1 in exhibition“, „Yahoo! Sports“, 15 август 2012 (посет. 16 август 2012 г).
  6. Germany win World Cup 2014 - now are they set to rule?
  7. Germany beat Argentina to win World Cup final with late Mario Götze goal
  8. Трето преелиминарно коло.
  9. 9,0 9,1 2 настапи во плејофот.
  10. 10,0 10,1 Benedikt Höwedes

Надворешни врски[уреди | уреди извор]