Тони Крос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тони Крос
Toni Kroos - CdR - RM v ATL (cropped).jpg
Крос во дресот на Реал Мадрид во 2015
Лични податоци
Полно име Тони Крос[1]
Роден на 4 јануари 1990 (1990-01-04) (29 г.)[1]
Роден во Грајфсвалд,  Источна Германија
Висина 1,82 м[2]
Позиција играч за врска
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид
Број 8
Младинска кариера
1997–2002 Грајфсвалд
2002–2006 Ханза Росток
2006–2007 Баерн Минхен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 Баерн Минхен II 13 (4)
2007–2014 Баерн Минхен 130 (13)
2009–2010Бајер Леверкузен (позајмица) 43 (10)
2014– Реал Мадрид 114 (9)
Репрезентација
2005–2007 Германија 17 34 (17)
2009 Германија 19 5 (3)
2008–2009 Германија 21 10 (2)
2010– Германија 80 (12)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17
54, 8 април 2017 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18:10, 26 март 2017 (UTC)

Тони Крос (германски: Toni Kroos; р. 4 јануари 1990 во Грајфсвалд) — германски професионален фудбалер кој настапува како играч од средината на теренот за шпанскиот Реал Мадрид, како и за фудбалската репрезентација на Германија.

Член на Баерн Минхен станал на возраст од 17 години, но одма бил даден на 18-месечна позајмица на Баер Леверкузен, пред да се врати во Минхен назад освојувајќи ја Бундеслигата и Лигата на шампионите во сезоната 2012/2013 година. По победата на Светското првенство во Бразил 2014, тој се приклучил на Реал Мадрид и потпишал договор на шест години. Во Мадрид, тој ја освоил Лигата на Шампионите во сезоната 2015/2016 и бил избран во тимот на сезоната во сите негови последни три шампионати. Тој бил избран за член на УЕФА тимот на годината и ФИФА про XI во 2014 и 2016 година, како и за најдобар плејмејкер.

Тој бил пофален од страна на новинари и поранешни професионалци како играч со сите квалитети за улогата на играч од средниот ред и нападот

Крос бил дел од младинските тимови на репрезентацијата на Германија од 17 годишна возраст, и бил прогласен за најдобар играч во 2006 година на УЕФА Европското првенство под 17 години, но исто така и го освоил ФИФА Светското првенство до 17 во 2007-та година и воедно ја освоил Златната топка. Тој го направил дебито за сениорската репрезентација на Германија во 2010 година и бил член на тимот на Германија, кој стигнала до полуфиналето на СП 2010 и УЕФА Еуро 2012. Тој исто така бил дел од тимот што го освоил Светското првенство 2014 година, со што станал првиот фудбалер роден во Источна Германија да освои светско првенство. Крос бил лидер на турнирот, и бил избран во All-Star тимот на првенството. На УЕФА Евро 2016, тој бил избран во најдобриот тим на турнирот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 FIFA Club World Cup Morocco 2013: List of Players“ (PDF), FIFA, 7 декември 2013, стр. 5 (посет. 31 август 2015 г).
  2. „Toni Kroos“. Real Madrid CF. конс. 31 August 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]