6 јануари
Изглед
6 јануари — 6-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 359 денови до крајот на годината (360 во престапна).
Настани:
| 1392 | Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад. |
| 1838 | Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор. |
| 1896 | Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер. |
| 1916 | На Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ. |
| 1945 | Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања. |
| 1992 | По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава. |
Родени:
Починале:
| 1693 | Мехмед IV — отомански султан. |
| 1882 | Ричард Хенри Дана — американски писател. |
| 1884 | Грегор Мендел— австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар. |
| 1904 | Александар Малинов — македонски револуционер. |
| 1949 | Виктор Флеминг — американски филмски режисер. |
| 1983 | Владимир Брезовски — македонски историчар. |
| 1987 | Маргарет Лоренс — канадска писателка. |
| 1993 | Рудолф Нуреев — руски и советски балетан. |
| 1993 | Дизи Гилеспи — американски џез-музичар. |
| 1998 | Сони Боно — американски музичар и политичар. |
| 1999 | Мишел Петручијани — француски џез-музичар. |
| 2022 | Питер Богданович — американски режисер. |
| 2023 | Џанлука Вијали — италијански фудбалер. |
| 2025 | Двајт Фостер — канадски хокејар. |
| 2026 | Бела Тар — унгарски режисер. |
Празници:
| * | Бадник |