Шабан Салиу
| Шабан Салиу Šaban Saliu | |
|---|---|
| Министер за десетлетието на ромите | |
| На должноста | |
| Стапил/ -а 23 јуни 2024 | |
| Претседател | Гордана Сиљановска-Давкова |
| Премиер | Христијан Мицкоски |
| Претходник | Нема |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | Шабан Салиу 6 јануари 1961 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
| Партија | Демократски сили на Ромите |
| Деца | 1 |
| Образование | Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје |
Шабан Салиу (р. Скопје, 6 јануари 1961 ) — македонски политичар, активист на Ромите во Македонија и претседател на Демократски сили на Ромите. Тој бил уапсен на 12 април 2025 година поради поврзаност со пожарот во дискотеката во Кочани.
Животопис
[уреди | уреди извор]Салиу е роден во Скопје на 6 јануари 1961 година. Дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, на Правниот факултет и положува правосуден испит. Од 1990 до 1995 бил Генерален секретар на ПЦЕР, а од 1995 и Претседател на огранокот на ПЦЕР во Гостивар. Салиу е Потпретседател на Сојузот на Ромите на Македонија. Од 2006 до 2008 година е член на македонското собрание како пратеник на Демократските сили на Ромите[1]. Од мај 2008 е назначен за директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Освен со македонскиот и ромскиот, Салиу се служи и со српскиот и англискиот јазик[2]. Женет е и е татко на едно дете.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ 2006 - 2008“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-03-15.
- ↑ „Салиу, Шабан“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-03-15.