Христо Ботев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Hristo-Botev-circa-1875.jpg
Роден 6 јануари 1848
Калофер, Отоманска Империја
Починал 1 јуни 1876
врв Вола, Стара планина, Отоманска Империја


Христо Ботев (бугарски: Христо Ботьов Петков) (6 јануари, 18481 јуни, 1876) бил револуционер, писател и теоретичар на бугарската национална револуција, борец за ослободување од турското ропство. Бугарските анархисти го сметаат Ботев е истакнат анархист, тврдејќи дека тој факт намерно се игнорира од страна на бугарската официјална историографија.[1]

Родната куќа на Христо Ботев во Калофер

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Калофер. Со помош на рускиот вицеконзул во Пловдив тргнува да студира во Одеса, Русија. По една година пишувал дека „овдешните учители и наредби не се човечки, туку ѕвески“. Тешко ги поднесува строгите правила и неговото уточиште станува библиотека. Од училиштето го исклучуваат, мо тоа за него не била казна, туку ослободување. Заминува како бугарски учител во Бесарабија. Авантуристичкиот дух го носи во Романија каде што станал печатар кај издавачот Паничков одБраила. Во 1868 година во близина на Букурешт го среќава со Васил Левски, идеологот на ослободителната борба (од Турците), а таму го среќава и Иван Вазов кој исто така е воодушевен од младиот поет. Во тек на следните години е учител во Александрија, Исмаилија, се занимава со конспиративна дејност. Во април 1871 со телеграма ја поздравува Париската комуна, а во јуни започнува да го издава својот прв весник од кој излегуваат само 5 броја. Во април следната година е затворен поради револуционерната дејност. Потоа живее во Букурешт каде работи на своите книжевни дела. Во 1875 се жени со Венета Рашева, а идната година му се раѓа керката Иванка. Но веќе во мај го превзема водството на четата и се вклучува во бунтот и се качува на паробродот „Радецки“ кој собира уште двесте борци од неговата чета.[2] Неговата чета се формирала во денешна Романија и се состоела од 172 четници, кои од Ѓурѓево се качуваат на бродот „Радецки“ на 16 мај 1876 година и по еден ден слегуваат на бугарскиот брег. По влегувањето во Бугарија, четата се движела на југ, но на 1 јуни во Балканот крај Враца е опколена од голема турска (черкезка) потера, при што Христо Ботев е убиен од страна на еден Черкез. Врз основа на истражувањата на д-р Стефан Влахов Мицов кои тој ги презентира во неговата книга „Кој го уби Христо Ботев“, тој бил убиен од неговите соборци.[3][4]

Како што пишува Даме Груев, револуционерите од ВМОРО дејствувале по примерот на Ботев.[5]

Покрај револуционер, Христо Ботев е славен и како поет. Најпознати се песните: „Елегија“, „Зададе се облак темен“, „Обесувањето на Васил Левски“ и „Хаџи Димитар“.

Со името на Ботев се именувани[уреди | уреди извор]

Наводи =[уреди | уреди извор]

  1. Георги Хаџиев. Историја на анархистичкото движење во Бугарија
  2. Раде Силјан, Странски авиори&дела, Натица Македоонска, Скопје,2001, стр. 217 - 218.
  3. Кой уби Христо Ботев?, Нов ден, София, 1994
  4. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1077&ArticleID=70510 Бугарскиот шовинизам се граничи со патологија
  5. [1]


Извори[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]