Прејди на содржината

Христина Андоновска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Христина Андоновска (Скопје, Македонија, 6 јануари 1973) — асистент-истражувач на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Христина Андоновска е родена во Скопје во 1973 година. Таа завршила на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ додека постдипломски студии завршила на Универзитетот Нова Сорбона во Париз со магистерска теза Глаголите на чувства во македонскиот и во францускиот јазик. Христина Андоновска учествувала во два научноистражувачки проекти: Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи и Речник на синоними во македонскиот јазик.

Научни трудови во списанија и зборници

[уреди | уреди извор]
  • Лингвостилистички пристап кон циклусот Мрачи од Јордан Даниловски Во: Втор научен собир на млади македонисти, Скопје 1995, 86-96
  • Издавачката дејност на Филолошкиот факултет од 1946 до 1996, Литературен збор XLIII, кн. 5-6, Скопје 1996, 131-135
  • Стилската функција на категоријата време - врз примери од книгата Забранета одаја од Славко Јаневски, Во: Трет научен собир на млади македонисти, Скопје 1997, 119-128
  • Јазикот во упатствата на лековите и во рекламниот материјал посветен на нив, соавторство, Во: Македонскиот јазик во јавното општење, Јазикот наш денешен кн. 3, Скопје 2000, 306-323
  • Глаголи на страв - обид за интенцијално-синтаксичка анализа, Во: Македонскиот глагол – синхронија и дијахронија, Јазикот наш денешен кн. 4, Скопје 2001, 73-80.
  • Krste Misirkov – vie et oeuvre, VIII Colloque international Journées macédoniennes, Institut national des langues et civilisations orientales - INALCO, Paris, 2003
  • Continuité et spécificité de la langue macédonienne (IX-X Colloque international Journées macédoniennes, Institut national des langues et civilisations orientales - INALCO, Paris 2006
  • Прирокот во текстот на Законот за употребата на македонскиот јазик – од стилска гледна точка, Литературен збор, кн. 1-3, Скопје 2009

Поврзано

[уреди | уреди извор]