Браќа Лимиер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Браќата Лимиер Аугуст (1862-1954) и Луис (1864-1948), во 1895 го измислиле кинематографот кој овозможил јавно прикажување на филмови. Родени се во Бесанкон во семејство кое се занимавало со фотографија, па уште од мали имале предиспозиција за развој во таа насока. Браќата студирале природни науки, Аугуст, хемија, а Луис, физика, па поради тоа добро се надополнувале - Аугуст на прво место ја ставал хемијата, а Луис техниката на снимање. Во татковата фабрика темелно ги совладале лабораториските процеси, а во 1894 година се запознале со Едисоновиот кинетоскоп, таканаречен „кино за еден гледач“, па решиле да го усовршат. Сакале подвижните слики да ги прикажат на што е можно поголем број гледачи и да постигнат комерцијален успех. Разгледувајќи ги трудовите на своите претходници, Луис дошол до сопствени сознанија, па по негови упатства Моисон, главниот механичар во нивната фабрика за фотоапарати, ја направил првата филмска камера. Од Едисон ја преземал лентата од 35 мм. но ги користел и знаењата од белгискиот научник Јозеф А. Платеа па брзината на снимањето ја намалил на 16 сликички во секунда, бидејќи сфатил дека, всушност толку сликички е потребно во секунда за во човековото око за да се произведе ефект на природно движење. Пронајдокот на браќата Лимиер не служел само за снимање, туку и за копирање материјали и проекции и претставува голем напредок во развојот на кинематографијата со тоа што сега можеле повеќе луѓе да гледаат филмови додека кинетоскопот бил ограничен на само една личност.

Прв филм[уреди | уреди извор]

Браќата својот изум го патентирале на 13 февруари 1895 година, а првиот филм „Излегувањето на работниците од фабриката Лимиер“ прикажан е со цел демонстрација на изумот на 22 март 1895 година на конференцијата за унапредување на фотографската индустрија во Франција. На 28 декември 1895 година во парискиот Гранд Кафе каде приредиле комерцијална кинопродукција која се смета за прва таква во историјата. Тогаш во индискиот салон во придружба на пијанист се прикажале десет кратки филмови. Луис Лимиер тие филмови ги снимил на начин на кои ја зајакнал нивната реалистичност. Глетката на која воз влегува на станица во филмот „ Влегување на воз на станица“ бил толку силен и впечатлив што некои гледачи избегале мислејќи дека, возот ќе ги прегази. На првата проекција присуствувале 120 гледачи, а должината на прикажаните филмови не преминувала една минута ( толку материјали можело да се снимат на касета која содржела 17 метри целулоидна филмска лента). Првобитен назив на уредот бил "Cinetoscope de projection", но, уредот бил брзо преименуван во "Cinematographe" за да не се меша со Единосовиот кинетоскоп. Имено настанало од грчкиот израз kinema што значи движење и graphein што значи да пишуваш. Машината била практична, лесна и лесно пренослива, па набрзо стекнала голема популарност. До јануари 1896 година веќе биле произведени околу двесте такви уреди. Благодарение на фотографското искуство, Луис сите филмови внимателно ги изработил, водејќи сметка за композицијата, кадрирањето и светлото.Сликите од живото ги сликал со фиксирана, статична камера, а често користел и метод на „скриена камера“, потпирајќи се на актери, декор, костими и шминка, па со таквиот пристап ги поставил темелите на документарниот филм. Со филмот „Влегувањето на возот на станица“ ги содржи сите филмски планови, а снимателите ги познавале и наједноставните форми на монтажа. Браќата Лимиер станале професионални сниматели низ целиот свет, не само за да го претстават кинематографот, туку и да снимат сцени од славни места. Некои од нив заслужни се за откривање на разни снимателски постапки, особено е важно е Промиовото искуство за возењето на камерата. Враќањето на филмската лента наназад во филмот „ Рушење на ѕидот“ започнува времето на филмските трикови- еден срушен ѕид со таа постапка се враќа во својот првобитен изглед.

Подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

Браќата Лимиер не можеле да се прилагодат на брзината и експанзивност развој на филмската техника и не знаеле да ја ускладат својата работа со желбите на публиката која веќе по година и пол фасцинираност од документарните филмски искази фасцинацијата ја заменила со фикцијата и апстрактните приказни. Бидејќи публиката го загубила интересот за кратки репортажни филмови снимени без духовитост, браќата се откажале од снимањето филмови и работа на тоа подрачје го препуштиле на други. Аугуст се посветил на медицината, а Луис продолжил да се занимава со истражување на подрачјето на релјефните платна, бои и широкото платно. 1919 година бил избран за член на Француската академија, 1946 година на француската кинотека и доверил околу 1800 свои филмови, од кои 60 од нив сам ги режирал.