Милутин Бебековски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Милутин Бебековски е македонски поет и писател за деца.

Биографија[уреди | уреди извор]

Милутин Бебековски е роден на 6 јануари 1941 година во Вевчани, . Завршил средно училиште. Работел како службеник. Член на ДПМ од 1973 година. Автор е на книгите: Нишалка под виножито (поезија за деца, 1966), Ѕвездена труба (поезија за деца, 1970), Копче од ѕвезда (поезија за деца, 1972), Возот на детството (поезија за деца, 1973), Воденици (поезија за деца, 1978), Долетај на дланка (поезија за деца, 1979), Дреноцут (поезија за деца, 1983), Записи за Дримкол (поезија за деца, 1986), Тапијата на дедо ми Гаврил (поезија, 1990), Суво поле (поезија за деца, 1998), Градината на дедо ми Гаврил (поезија за деца, 1998). Добитник е на наградата на РТВ Скопје.