Сицилијанска мафија
Сицилијанска мафија, исто така позната како едноставно мафија или Коза Ностра (Cosa Nostra, во превод: „Наша работа“), е криминален синдикат во Сицилија, Италија. Мафијата е дел на криминални групи кои имаат слична организациска структура и кодекс на однесување. Основната група е познатa како „семејство“, „клан“, или „cosca“ или „cosche“ на сицилијански јазик. Секое семејство тврди дека има сувернитет над една територија, обично во некој град, село или маало на поголем град, во кој мафијата функционира со употреба на изнуда или рекет. Нејзините членови се нарекуваат „мажи на честа“, иако јавно се познати како како „мафиози“. Главните активности на мафијата биле: пружање заштита, арбитража на спорови меѓу криминалците, и организирање на нелегални договори и трансакции.
Поради емиграцијата, мафијата се проширила во други земји како што се САД, Канада и Австралија.
Историја
[уреди | уреди извор]Мафијата започнала во 19 век. мисли дека почнало поради присилната смена на феудализмот во Сицилија, што почнало во 1812 г. и подоцното анексирање на Сицилија од Италија во 1860. Во феудализмот благородништвото поседувале голем дел од земјата и одржувале закон и мир со нивните сопствени армии. По 1812 г., феудалните барони брзо продале или држеле кирија на граѓаните. Правото на наследство било укинато, земја не можело да се земе за да се доплатат долгови, и една петтина од земјата станала приватна сопстевност на селаните. Од кога Италија ја анексирала Сицилија во 1860, ја редистрибутирала голем дел од земјата за народот.[1] Ова довело до големо зголемување во бројот на сопственици на имот - од 2000 во 1812 до 20000 во 1861.[2] Со ова зголемување на поседувачи на земја имало повеќе кавги кои требале да се средат, договори кои требало да се спроведуваат, трансакции кои требало да се поттурнат и имот кој требало да се заштити. Бароните ги оставале нивните сопствени армии за да остават на државата да го одржува законот, но новите власти не биле на ниво на задачата, главно поради тоа што немале искусто со капитализам.[3] Недостиг на луѓе исто било проблем, честопати имало помалку од 350 активни полицајци на целиот остров. Некои градови воопшто немале постојана полиција, туку биле посетувани на неколку месеци од трупите.
Во помалите гратчиња на кои им фали официјална полиција, локалните богаташи реагирале на разбојништвото со тоа што регрутирале млади луѓе да ги ловат крадците и да ги вратат украдените работи, а за возрат на крадците им било простувано, а на ловокрадците им плаќале сопствениците на украдените работи.[4] Ваквите дружини често биле составувани од бивши бандити и криминалци, најчесто највичните и најнасилните од нив.[2] Со ваквите дружини на заедницата не и требала тренирана полиција.[2] Научниците ги нарекуваат овие групи „прото-мафија“.
Мафијата била и сè уште е главно западен феномен. Немало многу активности на мафијата во источниот дел на Сицилија. Ова не значи дека таму немало насилство, но тоа насилство не го правеле мафијаши.[4] Во источниот дел, управувачката елита биле поактивни за време на транзицијата од феудализмот на капитализмот. Тие ги раководеле своите сили и можеле да спречат каква било насилничка група.[5] И не само тоа туку имотите на исток генерално биле поделени на помал број големи имоти, и нивните големи имоти биле патролирани од чувари со полно работно време. Сосптвениците на ваквов имот требале да вработат чувари со полно работно време.[6] Во спротивност во западната страна, имотите често биле помали и затоа не им требало истиот број, и целосното внимание на чувар. Било поевтино за овие имоти да имаат мафијаш наместо обични чувари. Мафијаш во овие региони би можел да чува поголем врој на мали имоти истовремено, што му давало голема независност и моќ да наплаќаат големи пари.[6] Сопствениците на овие имоти често не биле присутни на својот имот и не можеле да го чуваат имотот, па чуварот се повлекувал и ги оставал крадците да крадат за да земе добивка за себе.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jason Sardell, Economic Origins of the Mafia and Patronage System in Sicily Архивирано на 20 јули 2011 г., 2009.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Oriana Bandiera, Private States and the Enforcement of Property Rights: Theory and evidence on the origins of the Sicilian mafia Архивирано на 19 март 2012 г., 2001, pp. 8-10
- ↑ Gambetta (1993)
- ↑ 4,0 4,1 Lupo, History of the Mafia, p. 34
- ↑ Gambetta (1993), стр. 83
- ↑ 6,0 6,1 Gambetta (1993), стр. 87
- ↑ Gambetta. The Sicilian Mafia: The Business of Private Protection. p. 94.