Валас Соуса Силва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Валас
Walace Souza Silva - Rio 2016.jpg
Лични податоци
Полно име Валас Соуса Силва
Роден на 4 април 1995 (1995-04-04) (27 г.)
Роден во Салвадор, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Број 11
Младинска кариера
Аваи Аваи
Гремио Гремио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2017 Гремио Гремио 77 (1)
2017-2018 Хамбургер Хамбургер 30 (2)
2018-2019 Хановер 96 Хановер 96 18 (1)
2019- Удинезе Удинезе 86 (1)
Репрезентација
2015 Бразил Бразил 20 5 (0)
2016 Бразил Бразил 23 4 (0)
2016- Бразил Бразил 5 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 26 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Валас Соуса Силва ((португалски: Walace Souza Silva), р. 4 април 1995, во Салвадор), познат и само како Валас, е бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Удинезе.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Гремио[уреди | уреди извор]

Се приклучил на Гремио во 2013 година,[1] а своето деби за клубот го направил една година подоцна. Во 2016 година, дебитирал во Копа Либертадорес, а истата година го освоил и првиот трофеј со клубот, тоа бил Купот на Бразил во кој во финалето клубот од Порто Алегре бил подобар од Атлетико Минеиро.

Хамбургер и Хановер[уреди | уреди извор]

Во јануари 2017 година, бил купен од Хамбургер за сума од околу 10 милиони евра.[2] На 11 февруари, тој го постигнал својот прв гол со новиот тим во победата од 0-3 против Лајпциг.[3] Откако во првите 6 месеци играл само 9 пати, следната година добива повеќе простор. Сепак, на крајот на сезоната 2017-2018, Хамбургер испаднал од Првата Бундеслига.

Во јуни 2018 година, Валас му се приклучил на Хановер 96 на четиригодишниот договор до 2022 година. Надоместокот за трансферот кој му бил платен на Хамбургер бил околу 6 милиони евра, со 10% од надоместокот за поранешниот клуб Гремио.[4][5] Тој одиграл само една сезона во клубот, со 26 настапи и еден гол во лигата, која завршила со второ последователно испаѓање од лигата за Валас.

Удинезе[уреди | уреди извор]

На 8 август 2019 година, тој бил купен од Удинезе. На 14 септември, го направил своето деби за фриуланците во поразот од 1-0 од Интер, во кој играл како стартер пред да биде заменет од Роландо Мандрагора во 81-вата минута.[6] Својот прв погодок го постигнал на 27 април 2022 година, во победата со 4-0 против Фјорентина.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, Валас бил повикан во бразилската репрезентација под 20 години да се натпреварува на јужноамериканското првенство. Тој одиграл 5 натпревари без постигнат гол на турнирот на кој Бразил го освоил четвртото место.

Во јуни 2016 година, Валас бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација, Дунга, за Копа Америка Сентенарио (2016), како замена за Луис Густаво (кој го напуштил тимот поради лични причини).[7] Тој настапил само еднаш на турнирот, во победата со 7-1 против Хаити, што бил и негов дебитантски настап за Селесао.[8]

Вeќe следниот месец, Валас бил повикан во Олимписката репрезентација на Бразил за Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Повторно како замена, тој влегол во списокот на повикани играчи на местото на Фред, чиј клуб Шахтар Донецк одбил да го ослободи.[9] Тој настапил четири пати на турнирот,[8] а неговата репрезентација го освоила златниот медал и ја обрадувала домашната публика.[10]

Хронологија на репрезенативните настапи[уреди | уреди извор]

Сениорска репрезентација[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
8-6-2016 Орландо Бразил Бразил 7 – 1 Хаити Хаити Копа Америка Сентенарио - Прва фаза - влегол во игра 72'
25-1-2017 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 1 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска -
12-10-2018 Ријад Саудиска Арабија Саудиска Арабија 0 – 2 Бразил Бразил Пријателска - влегол во игра 66'
16-11-2018 Лондон Бразил Бразил 1 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска - заменет 59'
20-11-2018 Милтон Кинс Бразил Бразил 1 – 0 Камерун Камерун Пријателска - добил жолт картон во 43-тата минута 43'
Вкупно Настапи 5 Голови 0

Олимписка репрезентација[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-8-2016 Салвадор Данска Данска 0 – 4 Бразил Бразил Олимписки игри 2016 - Прва фаза -
14-8-2016 Сао Паоло Бразил Бразил 2 – 0 Колумбија Колумбија Олимписки игри 2016 - Прва фаза -
17-8-2016 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 6 – 0 Хондурас Хондурас Олимписки игри 2016 - Полуфинале -
20-8-2016 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 1 – 1 Германија Германија Олимписки игри 2016 - Финале -
Вкупно Настапи 4 Голови 0

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 27 април 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014 Бразил Гремио А+А1/РС 19+0 0 КБ 1 0 КЛ 0 0 - - - 20 0
2015 А+А1/РС 34+8 0 КБ 8 0 - - - - - - 50 0
2016 А+А1/РС 24+8 1+3 КБ 8 0 КЛ 4 1 ПЛ 1 0 45 5
Вкупно Гремио 77+16 1+3 17 0 4 1 1 0 115 5
јан.-јун. 2017 Германија Хамбургер 9 1 КГ 2 0 - - - - - - 11 1
2017-2018 18 1 КГ 1 0 - - - - - - 19 1
Вкупно Хамбургер 27 2 3 0 - - - - 30 2
2018-2019 Германија Хановер 96 26 1 КГ 2 0 - - - - - - 28 1
2019-2020 Италија Удинезе А 20 0 КИ 2 0 - - - - - - 22 0
2020-2021 А 30 0 КИ 0 0 - - - - - - 30 0
2021-2022 А 32 1 КИ 2 0 - - - - - - 34 1
Вкупно Удинезе 82 1 4 0 - - - - 86 0
Вкупно во кариерата 216 7 24 0 4 1 1 0 257 8

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Бразил Гремио[уреди | уреди извор]

2016

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Бразил Бразил
2016

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Da Bahia ao Maracanã: Walace deixa "bico" de Carnaval e conquista Felipão [From Bahia to Maracanã: Walace leaves "beak" of Carnival and conquest Felipão]“ (португалски). Globo Esporte. 9 September 2014. Посетено на 14 February 2018.
  2. „Hamburg sign Olympic champion Walace“. 30 јануари 2017. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 12 ноември 2019.
  3. „Leipzig-Hamburg 0-3“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 2019-11-12.
  4. „Walace-Wechsel zu 96 fix - Vertrag bis 2022“. NDR (германски). 26 June 2018. Посетено на 29 August 2018.
  5. „Wallace swaps Hamburg for Hannover“. Xinhua. 27 June 2018. Архивирано од изворникот на 2019-05-04. Посетено на 29 August 2018.
  6. „Inter-Udinese 1-0, gol e highlights. Decide Sensi, Conte fa 3 su 3. Esordio per Sanchez“. Посетено на 12 ноември 2019.
  7. „The Olympians: Meet new Brazil star Walace“. Goal. 18 July 2016. Посетено на 14 February 2018.
  8. 8,0 8,1 „Walace statistics“. Soccerway.
  9. „Renato Augusto and Walace join Brazil for Olympic games“. Goal. 15 July 2016. Посетено на 14 February 2018.
  10. „Hamburg sign Brazil international Walace from Gremio“. Bundesliga. 31 January 2017. Посетено на 14 February 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]