Удинезе Калчо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Удинезе)
Удинезе
Целосно имеУдинезе Калчо СпА
ПрекарМалите зебри
Основан1896
ЛокацијаУдине, Италија
СтадионСтадион Фриули
Капацитет30,642
СопственикИталија Џампаоло Поцо
ПретседателИталија Франко Солдати
ТренерИталија Андреја Сотил
ЛигаСерија А Серија А
2021–22Серија, 12-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Удинезе Калчо е италијански фудбалски клуб од градот Удине, кој моментално се натпреварува во Серија А.

Клубот е основан во 1896 година, под името Società Udinese di Ginnastica e Scherma. Традиционално, Удинезе настапува во црно-бели дресови, а своите домашни натпревари ги игра на Стадионот Фриули, кој е со капацитет од 30,642 места. Најголемите успеси на клубот во домашното првенство му се второто место во сезоната 1954-55, и третото место освоено во два наврати во сезоните 1997-98 и 2011-2012. Од успесите на Удинезе на меѓународната сцена можат да се издвојат освојувањето на Интертото купот во 2000 година, големиот број на учества во Купот на УЕФА, како и единственото учество во нивната историја во Лигата на шампионите во сезоната 2005-06.

Стадион[уреди | уреди извор]

Моменталниот стадион на Удинезе Фриули бил отворен во 1976 година за да го замени дотогашниот нивен дом Стадионот Морети. Во 1990 година Фриули бил домаќин на три натпревари од групата Е на Светското првенство што се играше во Италија. Исто така Фриули е и повремен домаќин на натпреварите на италијанската фудбалска репрезентација. Последен пат репрезентацијата играше на овој стадион на 10 септември 2008 против Грузија во квалификациите за светското првенство во фудбал 2010 година.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 31 август 2018
Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Марко Силвестри
2 Ирска ОД Фести Ебоселе
3 Мароко ОД Адам Масина
4 Словенија СР Санди Ловриќ
5 Германија СР Толгај Арслан
6 Франција СР Жан-Виктор Макенго
7 Нигерија НП Ајзак Саксес
8 Босна и Херцеговина СР Мато Јајало
9 Бразил НП Бето
10 Шпанија НП Жерар Деулофеу
11 Бразил СР Валас Соуса Силва
13 Италија ОД Дестини Удоџи
14 Ирска ОД Џејмс Абанква
15 Португалија ОД Леонардо Бута
Бр. Позиција Играч
17 Холандија ОД Брам Нaјтинк
18 Аргентина ОД Неуен Перес
20 Италија ГМ Даниеле Падели
21 Норвешка СР Мартин Палумбо
23 Камерун ОД Енцо Ебосе
24 Германија СР Лазар Самарџиќ
28 Хрватска ОД Филип Бенковиќ
29 Словенија ОД Јака Бијол
30 Македонија НП Илија Несторовски
37 Аргентина СР Роберто Переира
50 Бразил ОД Родриго Бекао
93 Бразил НП Фелипе Визеу
99 Италија ГМ Едоардо Пјана

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Италија
Германија

Бразил
Аргентина
Шпанија
Данска

Гана
Чешка
Чиле
Белгија
Перу

Освојувачи на титули[уреди | уреди извор]

Светски шампиони
Шампиони на Европа

Рекорди[уреди | уреди извор]

Антонио Ди Натале со 446 одиграни натпревари во дресот на Удинезе е играчот со најголем број на настапи во клубот. Тој исто така е и најдобар клупски стрелец на бјанконерите од Удине со 227 постигнати голови во сите натпреварувања.

Играчи со најмногу настапи за клубот[уреди | уреди извор]

# Играч Во клубот Натпревари
1 Италија Антонио Ди Натале 2004–2016 446
2 Италија Валерио Бертото 1993–2006 404
3 Италија Џампиеро Пинци 2000–2008 и 2010-2015 355
4 Италија Дино Галпароли 1981-1990 280
5 Италија Лујиџи Зорзи 1936–1942 и 1949-1956 280
6 Италија Алсандро Калори 1991-1999 272
7 Италија Северино Ферулјо 1939-1946 и 1947-1952 261
8 Аргентина Нестор Сенсини 1989-1993 и 2002-2006 240
9 Италија Паоло Поџи 1994-2000 233
10 Италија Ренато Валенти 1955-1964 231

Играчи со најмногу постигнати голови за клубот[уреди | уреди извор]

# Играч Во клубот Број на голови
1 Италија Антонио Ди Натале 2004–2016 227
2 Италија Винченцо Јаквинта 2000-2007 69
3 Италија Лоренцо Бетини 1954–1955 и 1957-1961 67
4 Аргентина Абел Балбо 1989-1993 65
5 Германија Оливер Бирхоф 1995–1998 62
6 Италија Паоло Поџи 1994-2000 50
7 Италија Роберто Муци 1999-2003 44
8 Италија Џузепе Секи 1955-1957 40
9 Италија Паоло Табанели 1937-1940 39
10 Бразил Марсио Аморосо 1996-1999 39

Статистика и постигнувања[уреди | уреди извор]

Учества во првенства[уреди | уреди извор]

Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Прима Дивизионе 2 1922-1923 1925-1926 43
Серија А 41 1950-1951 2013-2014
Секонда Дивизионе 2 1923-1924 1924-1925 23
Прима Дивизионе 2 1926-1927 1927-1928
Серија Б-Ц Алта Италија 1 1945-1946
Серија Б 18 1930-1931 1994-1995
Прима Дивизионе 5 1928-1929 1934-1935 24
Серија Ц 19 1935-1936 1977-1978

Титули[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]