Сали Мунтари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гана Сали Мунтари
Сали Мунтари во дресот на Интер
Лични податоци
Полно име Сулејман Али Мунтари[1]
Роден на 27 август 1984(1984-08-27)(39 г.)
Роден во Кононго, Гана
Висина &100000000000001790000001,79 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Пескара Пескара
Број 41
Младинска кариера
2000-2001 Либерти Профешналс Либерти Проф.
2001-2002 Удинезе Удинезе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002-2007 Удинезе Удинезе 125 (8)
2007-2008 Портсмут Портсмут 29 (4)
2008-2012 Интер Интер 70 (7)
2011Сандерленд Сандерленд 9 (0)
2012-2015 Милан Милан 13 (3)
2015-2016 Итихад 57 (8)
2017- Пескара Пескара 0 (0)
Репрезентација
2001 Гана Гана U20 7 (0)
2002– Гана Гана 84 (20)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 јуни 2012[3]

Сали Мунтари (роден на 27 август 1984 во Кононго, Гана) — гански фудбалер, играч од средниот ред на Пескара.

Неговите квалитети биле забележани уште од најрана возраст, кога играл за Либерти Профешналс. На 16 години станал член на младиот фудбалски тим на Гана, стигнувајќи до финале во Светското првенство во Аргентина за млади, каде Гана била поразена од домекинот Аргентина.

По овој турнир бил повикан во ФК Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа што иало интерес од екипата од Манчестер, Мунтари решил да замине во ФК Удинезе. Во 2001 година потпишал за екипата од Удине, за да следната година заигра за првиот тим. По поминати пет сезони во Удинезе, во 2007 година потпишал за ФК Портсмут. По една сезона во Премиер Лигата.

Во 2008 година потпишал за ФК Интер со кој тим го освоил Скудето, Суперкупот на Италија и Лигата на шампиони.

Во 2012 година би даден на позајмица во ФК Милан, за да по крајот на сезоната потпише договор. Во 2015 година потпишал за клубот од Саудиска Арабија, ФК Ал Итихад. Во јануари 2017 се вратил во Италија потпишувајќи шест месечен договор со Пескара.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hawkey, Ian (7 April 2011). „Suleyman Ali Muntari is finding his own way to his goals“. thenational.ae. The National (Abu Dhabi). Посетено на 29 February 2012.
  2. „AC Milan roster player - Sulley Ali Muntari“. acmilan.com. A.C. Milan. Архивирано од изворникот на 2014-04-04. Посетено на 29 February 2012.
  3. „FIFA profile - Sulley Muntari“. fifa.com. Fédération Internationale de Football Association. Архивирано од изворникот на 2015-08-05. Посетено на 27 февруари 2012.