Диего Беналјо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Швајцарија Диего Беналјо
080603 benaglio01.jpg
Лични податоци
Роден на 9 август 1983 (1983-08-09) (36 г.)
Роден во Цирих, Швајцарија
Висина &100000000000001930000001,93 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Волфсбург Волфсбург
Број 1
Младинска кариера
Баден
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2002 Грасхопер 23 (0)
2002-2005 Штутгарт 0 (0)
2005–2008 Национал 69 (0)
2008- Волфсбург 130 (0)
Репрезентација
2006- Швајцарија Швајцарија 42 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Диего Орландо Беналјо (роден на 8 септември 1983 во Цирих) е швајцарски фудбалер, голман на Волфсбург во Бундеслигата и на швајцарската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Беналјо ја започна својата кариера во тимот од родниот град Грасхопер од Цирих. Уште во неговите тинејџерски години, тој се преселил во Германија и му се приклучил на Штутгарт, но играл исклучиво за резервите за време на неговиот тригодишен престој.

Пред почетокот на сезоната 2005-06, тој се преселил во Португалија во тимот на Насионал, и наскоро стекнал предност пред Енрике Иларио, па станал прв избор меѓу стативите на тимот од островот Мадеира, а поготово станал незаменлив откако ветеранот Иларио отишол во Челзи. За време на неговата прва сезона со клубот тие успеале да се квалификуваат за Купот на УЕФА.

На 22 јануари 2008 година, Беналјо се вратил во Германија, каде потпишал со Волфсбург. Тој го направи своето деби за клубот осум дена подоцна, помагајќи му на неговиот тим да се пласира во четвртфиналето на Германскиот куп по победата издвојувана по изведувањето на пенали над Шалке 04.

Во сезоната 2008-09 во Бундеслигата, Беналјо пропуштил само три натпревари од првенството давајќи голем придонес за освојување на лигашката титула за прв пат во историјата на клубот. Во следната сезона, тој се појавил значително помалку пати на голот на Волфсбург, поради повреда.

Титули[уреди | уреди извор]

Швајцарија Грасхопер[уреди | уреди извор]

Германија Волфсбург[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]