Патрик Окс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Германија Патрик Окс
Patrick Ochs 2008.jpg
Лични податоци
Роден на 14 мај 1984 (1984-05-14) (35 г.)
Роден во Франкфурт, Германија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Волфсбург Волфсбург
Број 2
Младинска кариера
Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт
Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2004 Бајерн Минхен II Бајерн Минхен II 25 (1)
2004–2011 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 202 (5)
2011– Волфсбург Волфсбург 30 (0)
2012–2013Хофенхајм Хофенхајм 12 (0)
Репрезентација
2005-2006 Германија Геманија 21 9 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Патрик Окс (роден на 14 мај, 1984, во Франкфурт) е германски фудбалер, десен бек на Волфсбург.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Окс има поминато две години во вториот тим на Бајерн Минхен, но откако неуспеал да се наметне за првиот тим се преселил во Ајнтрахт Франкфурт во летото 2004 година. Оттогаш па се до летото 2011, Окс одиграл 202 натпревари за Ајнтрахт во 6 сезони во Бундеслигата (неиграл само во првата сезона за време на својот престој тука) и постигнал 5 голови. Со текот на сезоните станувал се поважен дел од тимот, прославувајќи се со способноста многу често да се вклучува во нападот и да додава завршни пасови до напаѓачите. Токму поради таа негова способност во времето кога Михаел Скибе бил тренер на клубот, Окс играл понапред, односно како десно крило.

Во сезоната 2010-2011 кога Ајнтрахт испаднал од Бундеслигата, во летниот трансфер-период Окс му се приклучил на Волфсбург за сума од 3 милиони евра. Дебитирал на 29 јули, 2011, во поразот со 3-2 од Ред Бул Лајпциг во Купот на Германија заедно со уште неколку нови играчи како Марко Рус (кој истотака дошол од Ајнтрахт), Хасан Салихамиџиќ, Срџан Лакиќ и Кристијан Траш. Во својата прва сезона одиграл само 13 лигашки натпревари. Следната сезона не одиграл ниту еден натпревар за Волфсбург до средината на сезоната, па бил позајмен на Хофенхајм каде одиграл 12 натпревари во Бундеслигата. Во летото 2013 се вратил во Волфсбург имал релативно солидна сезона 2013-14 играјќи на 17 првенствени натпревари од кој на 14 како стартер. На првиот тренинг при подготовките за почетокот на сезоната 2014/2015, Окс сериозно ги повредил лигаментите и ја пропушти целата сезона досега. Тој се вратил на почетокот на март играјќи 3 натпревари за вториот тим на Волфсбург.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Окс е поранешен репрезентативец на Германија во селекција под 21 година, за која одиграл 9 натпревари без постигнат гол во текот на 2005 и 2006 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]