Сен Пјер (Реинион)
Сен Пјер Saint Pierre | ||
---|---|---|
потпрефектура и општина | ||
Поглед на Сен Пјер со пристаништето | ||
Гесло: Fortis fortuna fortior (од лат. „Смелоста е посилна од судбината“) | ||
Земја | Франција | |
Прекуморски регион и департман | Реинион | |
Округ | Сен Пјер | |
Кантон | Сен Пјер-1, 2 и 3 | |
Општ. заедница | Солидарни градови | |
Управа | ||
• Градоначалник (2020–2026) | Мишел Фонтен[1] | |
Површина1 | 95,99 км2 (3,706 ми2) | |
Население (2019)2 | 84.982 | |
• Густина | 8,9/км2 (23/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 97416 / 97410 | |
Надм. висина | 0 м (прос. 19 м) | |
Мреж. место | saintpierre.re | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Сен Пјер (француски: Saint-Pierre, креолски: Sin-Pyè) — трета по големина општина во францускиот прекуморски департман и регион Реинион. Се наоѓа на југозападната страна на островот, и служи како седиште/главен град на Француските Јужни и Антарктички Земји. Градот се нараснал околу пристаништето изградено од 1854 до 1882 г. кое имало улога во трговијата помеѓу Азија и Европа. Денес има 400 места за риболов и разонодни пловила, а највеќето стопански сообраќај е преместен на север во Ле Пор.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот Сен Пјер е на почетокот од единстевниот главен пат на островот (наречен N3). Одовде тој води во Ле Тампон, висорамнината Кафр и селото Бур Мира. Од ова место релативно лесно се стасува до Питон де ла Фурнез како почетна точка за многу екскурзии.
Клима
[уреди | уреди извор]Сен Пјер се одликува со врела степска клима (класа: BSh), додека селото Лињ Паради и населбата Равин де Кабри во југоисточниот дел на општината имаат тропска саванска клима (класа: Aw). Просечната годишна температура во Сен Пјер (центарот) е 24,1 °C. Просечните годишни врнежи изнесуваат 672,1 мм, при што февруари е најврнежлив. Температурите во просек се највисоки во јануари (27,3 °C) и најниски во јули (20,9 °C).
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Аеродромот „Пјерефонд“ е сместен на 5,5 км од градот. Го носи IATA-кодот ZSE.
Сместување
[уреди | уреди извор]Во Сен Пјер нема поголеми хотели. Посетителите се сместуваат во пансиони во мали објекти како преуредени креолски куќи и вили.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градскиот дом
-
Градот Сен Пјер
-
Пристаниште
-
Плажа навечер
-
Сместувалиште „Вила Морган“
-
Залез
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Répertoire national des élus: les maires“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises. 2 декември 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сен Пјер (Реинион) на Ризницата ?
- Официјален портал на Сен Пјер (француски)
- Туристички Портал на Јужен Реинион (француски)
|