Клаудио Писаро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клаудио Писаро
Pizarro training FC Bayern (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 3 октомври 1978 (1978-10-03) (41 г.)
Роден во Калјао, Перу
Држава Перу Перу
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Вердер Бремен Вердер Бремен
Број 4
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996-1997 Депортиво Пескеро Депортиво Пескеро 41 (11)
1997-1999 Алианса Лима Алианса Лима 44 (26)
1999-2001 Вердер Бремен Вердер Бремен 56 (29)
2001-2007 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 174 (71)
2007-2008 Челси Челси 21 (2)
2008-2012 Вердер Бремен Вердер Бремен 103 (60)
2012-2015 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 50 (16)
2015-2017 Вердер Бремен Вердер Бремен 47 (15)
2017-2018 Келн Келн 16 (1)
2018- Вердер Бремен Вердер Бремен 7 (1)
Репрезентација
1999-2016 Перу Перу 85 (20)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Клаудио Мигел Писаро Босио (шпански изговор: [ klauðjo pisaro ], роден на 3 октомври 1978 во Калјао) е перуански фудбалер, напаѓач на Вердер Бремен и поранешен репрезентативец на перуанската репрзентација. Тој е познат како плоден стрелец со одлично чувство за постигнување голови, особено со удар со глава.

Најголемиот дел од својата кариера го поминал играјќи во германската Прва Бундеслига, каде имал два периода во Бајерн Минхен и четири во Вердер Бремен, клубови со кој освоил 17 трофеи, од кои 16 биле со Бајерн. На 23 октомври 2010, Писаро поставил нов рекорд за најмногу постигнати голови од странски фудбалеер во Бундеслигата, надминувајќи го рекордот на Џоване Елбер од 132 гола во натпреварот против Борусија Менхенгладбах.[1] На 3 март 2016, Писаро се искачил на петтото место на листата на стрелците во историјата на Бундеслигата со 191 гол.[2]

Откако дебитирал за перуанската репрзентација во 1999, Писаро ја претставувал својата земја на четири турнири Копа Америка, вклучувајќи го и настапот во 2015 во Чиле на кое неговата репрезентација го освоила бронзениот медал. Во 2016 година, Писаро објавил крај на својата репрезентативна кариера во која забележал 85 настапи и 20 гола за својата нација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Писаро е роден во Калјао, Перу, како дете на Патрисија Босио и Клаудио Писаро Давила, поморски офицер, а израснал во областа Сантјаго де Сурко во главниот град Лима. Писаро има италијанско потекло, неговите прадедо и прабаба од таткова страна биле Бреша, додека оние од страна на мајката биле од Фратаминоре во близина на Неапол.[3] Тој има една сестра, Патрисија, и помлад брат, Диего.[4] Диего е исто така професионален фудбалер и играл во младинските категории на Бајерн Минхен.[5]

Писаро е оженет со неговата тинејџерска љубов, Карла Салседо, и тие имаат два сина, Клаудио и Џанлука, и ќерка Антонела. Сите три деца се родени во Германија.[6]

Писаро започнал да игра фудбал на рана возраст во екипата на Академија Депортива Кантолао од Калјао.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Депортиво Пескеро[уреди | уреди извор]

Писаро ја започнал својата професионална кариера во екипата на Депортиво Пескеро, мал провинциски тим во градот Чимботе во северниот дел на Перу, на возраст од седумнаесет години. Неговиот прв професионален натпревар бил против Алијанса Лима во 1996 година. Тој ги постигнал својте први два гола две недели подоцна во натпреварот против Атлетико Торино во победата на Депортиво Пескеро со 2-1. Тој ја завршил сезоната 1996 со три гола во 16 настапи.[7] Откако во следната сезона на 25 настапи постигнал 8 гола за Депортиво Пескеро, Писаро го напуштил клубот и се преселил во тогашниот шампион на Перу, Алијанса Лима во 1998 година.

Алијанса Лима[уреди | уреди извор]

Писаро постигнал 25 гола во текот на две сезони[7] со Алијанса Лима и бил дел од тимот на Алијанса, кој го освоил второто место во Торнео Апертура првенството на Перу во 1999 година. Тој исто така направил седум настапи во Копа Либертадорес.[8] Кратко време по неговиот успех во Алијанса, Писаро бил продаден на германскиот Бундеслигаш Вердер Бремен. Подоцна истата година, тој го заработил својот прв настап за перуанската репрезентација.

Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

Во летото 1999 година, Писаро му се приклучил на Вердер Бремен, клуб во кој го имал своето прво европско искуство. Своето деби во Бундеслигата Писаро го имал на 28 август 1999 во натпреварот Херта Берлин-Вердер Бремен 1-1, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Дирк Флок во второто полувреме. Веќе во следниот натпревар, својот прв натпревар како стартер за Вердер, тој го постигнал својот прв погодок за клубот во победата со 5-0 на домашен терен над Кајзерслаутерн. Една недела подоцна, во само третиот свој натпревар за зелено-белите го постигнал и својот прв хет-трик во победата со 7-2 на гостувањето кај Волфсбург. Писаро бил актер на одлична прва сезона во клубот каде на 39 натпревари постигнал 15 гола, што му го донеле епитетот Откритие на сезоната.[9]

Откако во следната сезона додал уште 23 гола (вклучувајќи го и хет-трикот против Генк во Купот на УЕФА) во 37 настапи,[10] разни медиуми ја пренеле вестта дека за младиот перуански напаѓач се заинтерсирани солиден број големи клубови како Реал Мадрид и Барселона од Шпанија, италијанскиот Интер и ривалите на Вердер од Бундеслигата Борусија Дортмунд биле само некој од клубовите кој биле во трката да го доведат Писаро. Дури и од Вердер најавиле дека нема да го спречат играчот доколку тој реши да се пресели во поголем клуб. Најмногу шпекулираниот трансфер во перуанскиот фудбал го монополизирал интересот на националниот печат. Иако изгледало дека следната дестинација на Писаро е Шпанија, сепак по неколку шпекулации тој завршил во Бајерн Минхен со кого потпишувал договор на 7 јуни 2001 година.

Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Писаро во Бајерн Минхен во 2006

Своето деби за баварците Писаро го имал на 4 август 2001, во победата со 3-0 на домашен терен над Шалке 04; тој го започнал натпреварот во стартната постава како партнер во нападот на Џоване Елбер и му биле потребни само 6 минути во своето деби да го постигне својот прв погодок за минхенскиот гигант. На 18 септември 2001, го направил своето деби во Лигата на шампионите, во ремито без голови на домашен терен против Спарта Прага, влегувајќи како замена на 18-минути пред крајот. Својте први голови (два) во Лигата на шампионите ги постигнал во победата со 5-1 над Спартак Москва. На 28 ноември 2001, Писаро го освоил својот прв трофеј во кариерата откако Бајерн Минхен ја победил аргентинската Бока Хуниорс со 1-0 по продолженија во Интерконтиненталниот куп одигран во Токио. Писаро играл до 118-тата минута. Својата прва сезона во Бајерн ја завршил со 15 гола во 30 настапи во Бундеслигата,[11] четири настапи во Купот на Германија,[11] четири гола во 14 настапи во Лигата на шампионите,[11] а настапил и во Интерконтиненталниот куп,[8] и во Суперкупот на УЕФА.[8]

Писаро бил клучен играч на Бајерн во освојувањето на двојната круна (Бундеслигата и Купот на Германија) во сезоната 2002-2003. На 31 мај 2003, тој го постигнал третиот гол за Бајерн Минхен во победата со 3-1 над Кајзерслаутерн во финалето на Купот на Германија.[12] За време на сезоната 2002-2003 Писаро постигнал 15 гола (втор стрелец на Бајерн после Елбер и четврти во лигата) во 31 настап во Бундеслигата,[13] два гола во шест натпревари во Купот на Германија[13] и два гола во 7 настапи во Лигата на шампионите.[13]

Сезоната 2003-2004 била најслабата за Писаро од неговото доаѓање во клубот. Иако на почетокот тој бил во фантастична форма, постигнувајќи гол на секој од првите четири натпревари од Бундеслигата (против Ајнтрахт Франкфурт победа 3-1, Хановер нерешено 3-3, Бохум победа 2-0 и Хамбургер победа 2-0), сепак подоцна дошло до голем пад во неговата форма и бројот на голови значително му се намалил постигнувајќи само два после зимската пауза во првенството. Неговиот мал број на голови во споредба со претходните сезони се потрефил со слабата игра на целиот тим, така што баварците ја завршиле сезоната без освоен трофеј. Писаро ја завшил сезоната со 11 гола во 31 настап во Бундеслигата,[14] еден гол во четири настапи во Купот на Германија,[14] како и без гол во 7 настапи во Лигата на шампионите,[14] и во единствениот во Лига купот.[8]

Следната сезона постигнал вкупно 21 гол за баваците во 35 натпревари во сите турнири,[15] давајќи силен придонес во освојувањето на домашната тројна круна - Бундеслигата, Купот на Германија и Лига купот на Германија. На 2 март 2005, Писаро постигнал четири гола во победата со 7-0 на гостувањето кај Фрајбург во четвртфиналето од Купот на Германија;[16] тој исто така бил најдобар стрелец во ова натпреварување за сезоната со 6 постигнати гола.

Сезоната 2005-2006 популарниот Бомбер од Андите (како што бил наречен од легендарниот фудбалер на Бајерн Герд Милер) ја завршил со 11 гола во 26 настапи во Бундеслигата,[17] пет гола во пет настапи во Купот на Германија,[17] и еден гол во шест натпревари во Лигата на шампионите,[17][8] помагајќи му на Бајерн да освои нова двојна круна (првенство и куп) трета откако Писаро бил во клубот. На 29 април 2006 година, токму тој со својот погодок во 59-тата минута го решил финалето на Купот на Германија против Ајнтрахт Франкфурт (1-0 за Бајерн).[18]

Договорот на Писаро со германскиот шампион истекувал на крајот од сезоната 2006-2007, а преговорите за продолжување не напредувале како што треба па некој други екипи како Севилја, Бенфика и Ренџерс најавиле дека се заинтерсирани и подготвени да влезат во игра за доведување на Писаро во својте редови. Подоцна, Писаро и дефинитивно ја одбил можноста за продолжувањето на договорот со Бајерн понуден од претседателот на клубот Франц Бекенбауер, барајќи зголемување на платата што го налутило Карл-Хајнц Румениге, кој изјавил: "Секој што сака да заработи колку што заработува Шевченко подобро да почне да игра како Шевченко".

На 19 мај 2007, во натпреварот од последното 34-то коло од Бундеслигата против Мајнц кој Бајерн го добил на домашен терен со 5-2, Писаро го постигнал својот 100-ти погодок во најсилната фудбалска лига на Германија (71 за Бајерн и 29 за Вердер) станувајќи само четвртиот странец кој постигнал преку 100 гола во Бундеслигата по Елбер, Аилтон и Стефан Шапуиза. Својата последна сезона во клубот Писаро ја завршил со 12 гола (8 во Бундеслигата и 4 во Лигата на шампионите) во 45 натпревари во сите натпреварувања.[19]

Само ден подоцна откако влегол во клубот 100, на 20 мај 2007, Бајерн Минхен официјално на својот сајт објавиле дека Писаро ќе го напушти клубот по истекот на неговиот договор.[20]

Челси[уреди | уреди извор]

Писаро во Челси во 2008

На 1 јули 2007, официјално Писаро потпишал за англискиот Челси. Клубот од Лондон потврдил во текот на истиот ден дека тој ги завршил медицинските тестови и ги договорил личните услови за да му се приклучи на клубот со босманов трансфер, потпишувајќи четиригодишен договор.[21] Тој бил првиот перуанец кој потпишал за Челси. Писаро, исто така, открил дека неговата одлука била под влијание на советот на неговиот тимски колега од репрезентацијата Нолберто Солано, кој играл во Англија во поголемиот дел од кариерата настапувајќи за клубови како Њукасл Јунајтед, Астон Вила и Вест Хем Јунајтед, како и Овен Харгривс, кој во тоа време играл за Бајерн Минхен.[22]

Писаро го одбрал дресот со бројот 14, истиот број што го носел во перуанската репрезентација и во Баерн Минхен, кој за последен пат во Челси пред него го носел камерунецот Џереми. Своето деби за Челси тој го направил против Манчестер Јунајтед во ФА Комјунити Шилд 2007. Тој влегол во натпреварот како замена, меѓутоа откако победникот се решавал по изведување на пенали Писаро бил еден од тројцата играчи на Челси кој промашиле.[23] Неговата кариера во Челси имала добар почеток, откако тој постигнал гол на своето деби во Премиер лигата во првото коло од сезоната против Бирмингем Сити.[24] Сепак, по заминувањето на Жозе Мурињо и потпишувањето на францускиот напаѓач Николас Анелка, Писаро се нашол себеси како вишок кај новиот менаџер Аврам Грант. Писаро имал важна улога во пласманот на Челси во четвртото коло од ФА Купот, откако по неговиот шут во стативата топката се одбила од голманот Ли Кемп и завршила во мрежата за единствениот погодок во натпреварот со кој бил победен Квинс Парк Ренџерс со 1-0 на Стемфорд Бриџ во јануари 2008.[25] Истиот месец тој го постигнал единствениот погодок во победата со 1-0 на гостувањето кај Бирмингем Сити.[26] Ова значеше дека неговите единствени два гола во Премиер лигата за сезоната дошле во двата натпревари против Бирмингем Сити.

Враќање во Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

На 15 август 2008 година, тој бил позајмен до крајот на сезоната на Вердер Бремен.[27] Набргу по најавата дека Писаро ќе му се приклучи на тимот, голема група навивачи на Вердер Бремен се построила за да го купат новиот дрес на Писаро покажувајќи со тоа дека перуанецот е се уште ценет во Бремен, иако поминале седум години по напуштањето на клубот. За разлика од првиот престој во клубот кога настапувал со дресот со број 10, овој пат Писаро го одбрал дресот со број 24. Својот прв гол за сезоната го постигнал за време на неговиот втор настап, постигнувајќи го првиот гол за Вердер во поразот со 3-2 од Борусија Менхенгладбах во гости на 30 август.[28] Писаро го постигнал четвртиот гол за бременскиот клуб во импресивната победа со 5-2 над неговиот поранешен клуб Бајерн Минхен на Алијанц Арената на 20 септември, додека неговиот поранешен тимски колега од Вердер Тим Боровски, ги постигнал двата гола за Бајерн и го ублажил поразот по водството на Вердер со 5-0.[29] На 29 ноември 2008, Писаро го постигнал првиот од својте два хет-трика за сезоната во победата со 5-0 на домашен терен над Ајнтрахт Франкфурт; истото го повторил на 5 април во победата со 4-1 на Везер над Хановер.[30]

Писаро во 2010.
Писаро на тренинг со Вердер во 2011.

На 26 февруари 2009 година, Писаро постигнал два гола во второто полувреме за Вердер, со кој неговиот клуб се вратил од негатива од 2-0 на полувремето до нерешен резултат 2-2, кој на германците им бил доволен да со вкупни 3-3 (правило за голови) го исфрлат фаворизираниот Милан во шеснаесттинафиналето на Купот на УЕФА.[31] Во четвртфиналето на Купот на УЕФА, Вердер елиминирал уште една италијанска екипа, Удинезе, по победата со 3-1 во Германија, зелено-белите одиграле нерешено 3-3 во Италија со еден гол на Писаро и два на Диего што им било доволно на крајот за пласман во полуфиналето иако на полувремето губеле со 3-1.[32] Во полуфиналето на турнирот Писаро одново бил стрелец во победата на гости со 3-2 над Хамбургер со што одново по нерешен вкупен резултат (3-3) клубот од Бремен поминал понатаму и обезбедил пласман во финалето благодарение на правилото за повеќе голови постигнати во гости.[33] Сепак, со отсуството на важен играч како Диего во финалето против Шахтар Донецк, Писаро не можел да го спаси тимот од пораз со 2-1 по продолженија од украинскиот шампион на 20 мај 2009 година на Шукру Сараџоглу стадионот во Истанбул.[34]

Сепак, 10 дена по поразот во финалето на Купот на УЕФА Вердер и Писаро одиграле уште едно финале, овојпат во Купот на Германија, каде биле поуспешни и го освоиле трофејот по победата со 1-0 над Баер Леверкузен; Писаро го одиграл целиот натпревар за својот тим и го подигнал својот прв трофеј како играч на Вердер.

Откако сезоната 2008-2009 ја завршил со импресивни 28 постигнати голови во 46 настапи во сите натпреварувања, на 18 август 2009 Вердер официјално го купил Писаро од Челси за необјавена сума потпишувајќи со играчот перманентен договор.[35] Својата втора сезона ја завршил со 16 гола во 26 настапи во Бундеслигата.[36] На 25 февруари 2010, го постигнал својот втор хет-трик во европските натпреварувања во победата со 4-1 на домашен терен над Твенте во Лигата на Европа.[37] На крајот од сезоната тој бил најдобар стрелец во Лига Европа со 9 постигнати гола колку што имал и Оскар Кардосо од Бенфика.[38]

На 23 октомври 2010, со погодокот против Борусија Менхенгладбах, Писаро стигнал до бројката од 134 гола во Бундеслигата што го прави најдобриот странски стрелец во историјата на лигата, надминувајќи го својот некогашен соиграч од Бајерн Џоване Елбер.[39] Освен ова постигнување сезоната 2010-2011 не била премногу успешна за Писаро, бидејќи поради повреда морал да пропушти многу натпревари. Сезоната ја завршил со 14 гола во 29 настапи во сите натпреварувања.

На 5 ноември 2011, го постигнал својот седми хет-трик во кариерата во победата со 3-2 над Келн на домашен терен. Во сезоната 2011-2012 Писаро бил во фантастична форма, на 29 натпревари во лигата постигнал 18 гола и имал уште 10 асистенции.[40] На 15 мај 2012, Клаус Алофс, спортскиот директор на Вердер Бремен, објавил дека напаѓачот нема да остане во клубот следната сезона по сопствена одлука на играчот да не го обнови договорот.

Повторно во Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Писаро со Бајерн во 2014.

На 26 мај 2012 година, Писаро потпишал едногодишен договор со неговиот поранешен германски клуб Баерн Минхен.[41] На 31 октомври 2012 година, Писаро постигнал два гола против Кајзерслаутерн во Купот на Германија. На 7 ноември во натпреварот против Лил во Лигата на шампионите, Писаро постигнал хет-трик во првите 33 минути кога Баерн ги уништил својте противници од Франција со 6-1.[42] Со својот прв хет-трик во Лигата на шампионите ова натпреварување станало четвртото во кое Писаро постигнал хет-трик во својата кариера по Бундеслигата, Купот на Германија и Куп на УЕФА/Лига Европа. На 30 март 2013, Писаро постигнал четири гола (втор пат во кариерата, осум години подоцна откако тоа го направил против Фрајбург во Купот на Германија), негови први голови во кампањата во Бундеслигата и обезбедил две асистенции за Баерн во победата од 9-2 против Хамбургер.[43] На 10 април 2013 година, Писаро влегол од клупата за резерви и постигнал гол во 90-тата минута против Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите 2012-2013, што завршило со победа на Бајерн од 0-2 (0-4 вкупен резултат).[44] Писаро постигнал уште два гола и имал уште две асистенции во победата на Бајерн со 6-1 над Хановер на 20 април.[45] На 25 мај 2013, Писаро останал неискористена замена во финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд кое Бајерн го добил со 2-1. Сезоната 2012-2013 во која Бајерн ги освоил сите четири титули (Бундеслигата, Купот на Германија, Суперкупот на Германија и Лигата на шампионите), Писаро ја завршил со 13 гола во 28 настапи во сите натпреварувања.

На 19 април 2014 година, Писаро постигнал гол во победата на Бајерн со 2-0 над Ајнтрахт Брауншвајг, што значеше дека постигнал беаремн еден гол против секој клуб учесник во Бундеслигата во таа сезона.[46] За време на сезоната 2013–2014, тој имал 10 гола во 17 настапи во Бундеслигата,[47] еден гол во два настапи во Купот на Германија,[47] пет настапи во Лигата на шампионите,[47] еден настап во Суперкупот на Германија,[8] и еден настап на Светското клупско првенство.[8]

Во сезоната 2014-2015 веќе 37-годишниот Писаро се помалку добивал простор за игра во баварскиот гигант. Својот единствен погодок за сезоната го постигнал во првата рунда на Купот на Германија во победата со 4-1 над Пројсен Мунстер. Сезоната ја завршил со еден во 17 натпревари во сите натпреварувања.[48] По завршувањето на сезоната неговиот договор не бил продолжен и тој станал слободен играч.[49][50]

Трет пат во Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

На 7 септември 2015 година, Писаро му се приклучил на Вердер Бремен по трет пат во кариерата, согласувајќи се на едногодишен договор. За својот трет престој во Бремен го зел дресот со број 14.[50][51][52] На 2 март 2016 популарниот Бомбер од Андите стигнал до бројката од 10 сезонски гола реализирајќи хет-трик во победата со 4–1 на гостувањето кај Бајер Леверкузен.[53] Со овие три гола тој го надминал Улф Кирстен и избил на петтото место на вечната листа на стрелци во Бундеслигата.[54] Исто така, тој со својте 38 години станал најстариот играч во Бундеслигата кој постигнал хет-трик рушејќи го рекордот стар 31 година.[55] Сезоната 2015-2016 ја завршил со 16 гола (14 во Бундеслигата и 2 во Купот на Германија).

Втората сезона му била многу помалку успешна од првата. Поради мускулна повреда тој ги пропуштил првите два месеци од сезоната, правејќи го своето деби дури на 6 ноември 2016. Својот единствен погодок за сезоната го постигнал на 10 март 2017, во ремито 1-1 против Бајер Леверкузен. Сезоната ја завршил со 19 настапи и само еден погодок.

Келн[уреди | уреди извор]

На 29 септември 2017, Писаро потпишал едногодишен договор со Келн.[56] Своето деби за клубот го направил на 1 октомври 2017, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Џон Кордоба во поразот на домашен терен од РБ Лајпциг со 1-2. Својот прв погодок за Келн го постигнал на 4 март 2018, во поразот на домашен терен со 2-3 од Штутгарт. На 28 април по поразот од Фрајбург, Келн испаднал од Првата Бундеслигата што било прво испаѓање со некој клуб во кариерата на Писаро. Перуанецот ја завршил сезоната со 16 настапи и 1 гол во Бундслигата.

Четврти пат во Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

На 29 јули 2018, Писаро потпишал едногодишен договор со Вердер Бремен приклучувајќи му се на овој клуб по четврти пат во својата кариера.[57] Својот прв гол за сезоната го постигнал на 28 октомври 2018, во поразот на домашен терен од Бајер Леверкузен со 2-6.[58] Три дена подоцна, тој го постигнал првиот гол во победата со 5-1 на гостувањето кај четвртолигашот Вајхе Фленсбург 08 во Купот на Германија.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Писаро со Перу на Копа Америка 2007.

Писаро бил редовен член на перуанската репрезентација, откако постигнал гол во поразот со 2-1 од Еквадор во неговиот прв настап во февруари 1999 година.[59] Во истата година, тој го претставувал Перу на Копа Америка во Парагвај, почнувајќи ги сите три натпревари на репрезентацијата во групната фаза и влегол како замена во четвртфиналето во кое перуанците биле поразени на пенали од Мексико.[60] Писаро станал стартер и еден од најважните играчи на Перу на следните турнири на Копа Америка во 2004, 2007 и 2015, како и во квалификациски кампањи за Светските првенства во 2002, 2006 и 2010.

На 23 август 2003 година Писаро го постигнал најбрзиот гол во историјата на репрезентацијата на Перу, после само 18 секунди, во победата од 3-1 над Мексико, на Џајантс Стедиум во Њу Џерси.[61] Подоцна тој бил искључен заедно со соиграчот Џон Галикио и мексиканците Џаред Боргети и Омар Брисењо.[62]

На Копа Америка 2004, Писаро доживеал фрактура на черепот, кога бил удрен со лакт во главата во еден дуел на теренот за време на победата со 3-1 над Венецуела, што го принудила да го пропушти остатокот од турнирот и да замине на операција во Германија.[63] Под водство на Хулио Сесар Урибе, Писаро бил капитен на перуанската репрезентација на нивниот пат до четвртфиналето на Копа Америка во 2007 година, постигнувајќи два гола во ремито 2-2 против Боливија во последниот натпревар од групата во Мерида.[64]

На 18 јуни 2015 година, Писаро го постигнал единствениот гол за победата на Перу од 1-0 против Венецуела на Копа Америка 2015.[65]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Германија Бајерн Минхен[66][уреди | уреди извор]

БундеслигаБундеслигаБундеслигаБундеслигаБундеслигаБундеслигаКуп на ГерманијаКуп на ГерманијаКуп на ГерманијаКуп на ГерманијаКуп на ГерманијаСуперкуп на ГерманијаЛига на шампиониСуперкуп на ЕвропаИнтерконтинентален купСкудето

Германија Вердер Бремен[66][уреди | уреди извор]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Рекорди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Keine Erfolgserlebnisse für die Sorgenkinder“. kicker (German). 23 October 2010. конс. 23 October 2010. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Germany » Bundesliga » Rekordtorjäger » rank 1 - 50“. worldfootball.net. конс. 28 December 2015. 
  3. „CLAUDIO PIZARRO E IL WERDER BREMA, UN AMORE SENZA FINE - Alfredo Pedullà“. 8 September 2015. 
  4. „Karla, Diego, horses and the "100". Bundesliga. 26 August 2008. Архивирано од изворникот на 12 September 2008. конс. 21 August 2011. 
  5. „Ein Dreikäsehoch für die Bayern“. Der Spiegel (German). 4 August 2007. конс. 18 September 2009. 
  6. Claudio Pizarro wants Bundesliga stay after Bayern Munich exit“, ESPN FC, 3 јули 2015 (посет. 3 јули 2015 г).
  7. 7,0 7,1 „Claudio Pizarro“. National Football Teams. конс. 16 April 2013. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 „Claudio Pizarro » Club matches“. Worldfootball.net. конс. 20 November 2014. 
  9. „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  10. „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  11. 11,0 11,1 11,2 „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  12. Ballack inspires Bayern to domestic double
  13. 13,0 13,1 13,2 „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  14. 14,0 14,1 14,2 „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  15. „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  16. Pizarro schießt den Sportclub ab kicker.de
  17. 17,0 17,1 17,2 „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  18. Der DFB-Pokal Sieg 2006
  19. „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  20. Hargreaves set to seal Manchester United deal“, Bayern Munich, 20 мај 2007 (посет. 1 јуни 2007 г).
  21. Pizarro is second summer signing“, Chelsea F.C, 16 април 2007 (посет. 1 јуни 2007 г).
  22. Rowbottom, Mike (25 July 2007). „Peruvian Pizarro brings a 'British' touch to Chelsea“. The Independent. конс. 21 August 2011. 
  23. „Chelsea 1–1 Man Utd“. BBC Sport. 5 August 2007. конс. 1 May 2012. 
  24. „Chelsea 3–2 Birmingham“. BBC. 12 August 2007. конс. 1 May 2012. 
  25. „Chelsea 1–0 QPR“. BBC Sport. 5 January 2008. конс. 1 May 2012. 
  26. „Birmingham 0–1 Chelsea“. BBC Sport. 19 January 2008. конс. 1 May 2012. 
  27. „Chelsea send Pizarro on loan to Werder“. CNN. 15 August 2008. конс. 28 May 2013. 
  28. „Borussia M'gladbach 3-2 Werder Bremen“. ESPN FC. 30 August 2008. Архивирано од изворникот на 29 June 2013. конс. 28 May 2013. 
  29. „Bayern Munich 2-5 Werder Bremen“. ESPN FC. 20 September 2009. Архивирано од изворникот на 29 June 2013. конс. 28 May 2013. 
  30. „Werder Bremen 4-1 Hannover 96“. ESPN FC. 5 април 2009. Архивирано од изворникот на 29 June 2013. конс. 28 May 2013. 
  31. „AC Milan 2-2 Werder Bremen: Italians crash out“. ESPN FC. 26 February 2009. Архивирано од изворникот на 29 June 2013. конс. 28 May 2013. 
  32. Aikman, Richard (17 April 2009). „Relieved Bremen thwart Udinese recovery“. UEFA. конс. 28 May 2013. 
  33. Huggins, Trevor (7 May 2009). „Bremen fightback earns final place“. UEFA. конс. 28 May 2013. 
  34. Atkin, John (20 May 2009). „Jadson the difference as Shakhtar triumph“. UEFA. Архивирано од изворникот на 5 January 2013. конс. 28 May 2013.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  35. „Werder secure Pizarro permanently“. Sky Sports. 18 August 2009. конс. 28 May 2013. 
  36. „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  37. „Pizarro lässt Bremen jubeln: 4:1 gegen Twente Enschede“. 26.02.2010. конс. 26.10.2018. 
  38. „Liga de Europa 2009/2010“. 
  39. „Pizarro breaks record in Werder victory“. ESPN FC. 23 October 2010. конс. 28 May 2013. 
  40. „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  41. „Pizarro kehrt zum FC Bayern zurück“ (German). FC Bayern Munich. 26 May 2012. конс. 26 May 2012. 
  42. „Pizarro treble inspires six-goal Bayern“. UEFA. 7 November 2012. конс. 8 November 2012. 
  43. „Bayern Munich hit nine past Hamburg to move closer to title“. BBC Sport. 30 March 2013. конс. 1 April 2013. 
  44. „Juventus 0-2 Bayern (0-4)“. Goal.com. 10 April 2013. конс. 22 April 2013. 
  45. „Champions crush sorry Hannover“. ESPNFC. 20 April 2013. Архивирано од изворникот на 23 May 2013. конс. 22 April 2013. 
  46. Lackluster Bayern sneak Braunschweig win as Real await“, „Reuters“, 19 април 2014 (посет. 25 април 2014 г).
  47. 47,0 47,1 47,2 „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 20 November 2014. 
  48. „Claudio Pizarro“. kicker.de (German). kicker. конс. 23 May 2015. 
  49. Ein, zwei Jahre würde ich gerne noch spielen“, 3 јули 2015 (посет. 3 јули 2015 г). (на German)
  50. 50,0 50,1 Werder Bremen sign Claudio Pizarro for third time after Bayern exit“, „ESPN FC“, 7 септември 2015 (посет. 2 јули 2017 г).
  51. Ausnahmezustand! Pizarros umjubelte Rückkehr“, Die Welt, 7 септември 2015 (посет. 7 септември 2015 г). (на German)
  52. Claudio Pizarro Werder Bremen return sees shirt sales soar“, „ESPN FC“, 8 септември 2015 (посет. 2 јули 2017 г).
  53. Bremens Erfolg hat einen Namen: Pizarro!“, 2 март 2016 (посет. 3 март 2016 г). (на de)
  54. Roberto Brambilla. „BUNDESLIGA 2015-16: CLAUDIO PIZARRO“. конс. 27 октомври 2018. 
  55. Davies, Chris (3 March 2016). „Claudio Pizarro breaks Bundesliga record that lasted 31 years“, Goal (посет. 4 март 2016 г).
  56. „Cologne sign veteran striker Claudio Pizarro on free transfer“. ESPN. 29 September 2017. 
  57. „Claudio Pizarro signs one-year-deal with Werder Bremen“. Bundesliga. 29 July 2018. 
  58. Werder Bremen 2-6 Bayer Leverkusen: Claudio Pizarro scores for 19th year in row“, BBC, 28 октомври 2018 (посет. 28 октомври 2018 г).
  59. Claudio Pizarro: 13 años en selección peruana, 63 partidos y 16 goles“, „Radio Programas del Peru“, 12 септември 2012 (посет. 19 јуни 2015 г). (на Spanish)
  60. Claudio Pizarro y el día que debutó con la Selección Peruana en la Copa América 1999 [VIDEO]“, „Diario Líbero“, 16 јуни 2015 (посет. 19 јуни 2015 г). (на Spanish)
  61. Ten things about Claudio Pizarro“, „Fußball-Bundesliga“, 12 март 2015 (посет. 19 јуни 2015 г).
  62. VIDEO: Claudio Pizarro y el recuerdo del ‘peleado’ 3-1 a México del 2003“, „El Comercio“, 8 јули 2011 (посет. 19 јуни 2015 г). (на Spanish)
  63. Pizarro heading to Germany to treat fractured skull“, „CNN Sports Illustrated“, 13 јули 2004 (посет. 30 април 2010 г).
  64. Perú 2-2 Bolivia... Con gol de Pizarro al 85, Perú a Cuartos y Bolivia fuera“, „Medio Tiempo“, 3 јули 2007 (посет. 19 јуни 2015 г). (на Spanish)
  65. Claudio Pizarro goal pushes Peru past 10-man Venezuela“, „ESPN“, 18 јуни 2015.
  66. 66,0 66,1 „C. Pizarro“. Soccerway. конс. 18 July 2014. 
  67. „Fox Sports Trophy 2005“. Hispanic PR Wire (Spanish). Архивирано од изворникот на 2 May 2007. конс. 30 April 2011.  Unknown parameter |df= ignored (помош)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]