Артур Масуаку

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франција Артур Масуаку
Arthur Masuaku with West Ham.jpg
Лични податоци
Полно име Фука-Артур Масуаку Кавела
Роден на 7 ноември 1993 (1993-11-07) (25 г.)
Роден во Лил, Франција
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Број 26
Младинска кариера
Ланс Ланс
Валенсиен Валенсиен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2014 Валенсиен Валенсиен 27 (1)
2014-2016 Олимпијакос Олимпијакос 51 (1)
2016- Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 26 (0)
Репрезентација
2013 Франција Франција 18 3 (0)
2013 Франција Франција 19 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Артур Масуаку (роден на 7 ноември 1993) е француски фудбалер, лев бек на Вест Хем Јунајтед.

Својата кариера ја започнал во Валенсиен. Тој исто така ја претставувал Франција во селекциите по 18 и под 19 години.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Офанзивен лев бек со добар центаршут.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Валенсиен[уреди | уреди извор]

Масуаку станал професионалец преку младинскиот систем на Валенсиен за кои играл пет години. Своето деби во Лига 1 го направил во првиот натпревар од сезоната 2013-2014 на 10 август 2013 против Тулуз. Тој одиграл 75 минути пред да биде заменет со Тонго Думбија.[1] На 29 јануари 2014 година, Масуаку го постигнал својот прв гол во официјален натревар во својата професионална кариера во поразот со 2-1 од Марсеј.[2]

Олимпијакос[уреди | уреди извор]

Масуаку во дресот на Олимпијакос во 2015

Во јули 2014, Масуаку потпишал за грчкиот шампион Олимпијакос.[3][4] Своето деби во Грчката суперлига го направил против Ники Волос, а во неговиот трет првенствен натпревар обезбедил две асистенции против ОФИ Крит во победата на домашен терен со 3-0.[5] Три дена подоцна тој го имал своето деби во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид и притоа постигнал погодок во победата на неговиот тим со 3-2.[6]

Во април и мај 2015 година, бил објавен интерес за потпишување на играчот од страна на италијанските клубови Рома, Интер и Јувентус.[7][8] Неговиот агент, Роже Хенротај, сепак, изјавил дека работи на тоа да го обнови договорот на Масуаку со клубот.[9] Во јули, Олимпијакос ја одбил понудата од 4 милиони евра за Масуаку од Џенова, плус поранешниот играч на клубот Јанис Фетфацидис.[10] Во двете години поминати во Пиреја, Масуаку одиграл вкупно 73 натпревари за Олимпијакос во сите натпреварувања и постигнал два гола.

Вест Хем Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 8 август 2016 година, Масуaку му се приклучил на Вест Хем Јунајтед за надомест од 6,2 милиони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со чеканите.[11][12] Своето деби за Вест Хем го направил во поразот со 2-1 од Челси на 15 август 2016 година. Масуаку подоцна признал дека неговото деби во Премиер лигата било многу тешко заради темпото и физичката состојба на лигата.[13] Тој го постигнал својот прв гол за Вест Хем во Лига купот против Болтон на 19 септември 2017 година.[14]

На 9 декември 2017, Масуаку бил прогласен за играч на натпреварот во победата на Вест Хем со 1-0 на домашен терен над лондонскиот ривал Челси.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Иако како тинејџер ја претставувал Франција во младите селекции, во јуни 2017 Масуаку добил дозвола да ја претставува селекцијата на ДР Конго во јуни 2017 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Valenciennes–Toulouse: 3–0“, 10 август 2014 (посет. 15 јули 2014 г).
  2. Marseille–Valenciennes: 2–1“, 29 јануари 2014 (посет. 25 јули 2014 г).
  3. „el:Παίκτης του Ολυμπιακού ο Μαζουακού“ (Greek). Olympiacos.org. 22 July 2014. 
  4. Info FM : Masuaku s'engage avec l'Olympiacos!“, Footmercato.net, 7 јули 2014 (посет. 11 јули 2014 г). (на French)
  5. „Ολυμπιακός–ΟΦΗ 3-0“. Sport24. 13 September 2014. конс. 12 January 2015. 
  6. Olympiakos gain surprise win over 2014 beaten finalists Atlético Madrid“, 16 септември 2014.
  7. Masuaku in Roma shortlist“, www.sdna.gr, 8 мај 2015.
  8. Inter enquire for Masuaku“, www.football-italia.net, 29 април 2015.
  9. Masuaku set for new Olympiakos contract“, www.sdna.gr, 16 мај 2015.
  10. Genoa su Masuaku: la trattativa“, www.calciomercato.com, 15 јули 2015.
  11. Hammers acquire Arthur“, West Ham United F.C., 8 август 2014 (посет. 8 август 2016 г).
  12. West Ham sign Arthur Masuaku from Olympiacos“, „Sky Sports“, 8 август 2016 (посет. 8 август 2016 г).
  13. Nightingale, Tom. „West Ham United defender Arthur Masuaku admits finding his Premier League debut tough“, „www.hitc.com“, 15 август 2016 (посет. 17 август 2016 г).
  14. „West Ham 3-0 Bolton“. BBC. 19 September 2017. конс. 20 September 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]