Љутви Сејфула
Изглед
| Љутви Сејфула Lutfu Seyfullah | ||
| Роден | 15 јануари 1926
Скопје, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 26 јуни 2005 (возр. 79) Скопје, Македонија | |
| Националност | Југословен Македонец | |
| Народност | Турчин | |
| Познат | по улогата во: Најдолгиот пат Македонски народни приказни Илинден Јужна патека | |
| Занимање | глумец | |
Љутви Лола Сејфула (турски: Lutfu Seyfullah; Скопје, 15 јануари 1926 - Скопје, 26 јуни 2005 ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Сејфула е роден во Скопје на 15 јануари 1926 година. Во Турската драма на Театарот на народностите во Скопје е од 1950 до пензионирањето во 1985 година. Учествувал и во повеќе филмски и телевизиски проекти во Македонија и во Турција. Автор е на неколку пиеси играни на сцената на матичниот театар. Неговите сценски ликови, особено во комедиите, силно се вклопени во општиот уметнички развој на Турскиот театар во Скопје.
Улоги
[уреди | уреди извор]Каја („Алош“), Митке („Коштана“), Јеротие („Сомнително лице“), Аргон („Вообразен болен“), Градоначалникот („Ревизор“), Скапен („Ѓаволштините на Скапен“) и др.
- Обрачун (1962, Споредна улога)
- Волшебното самарче (1975, Главна улога)
- Најдолгиот пат (1976, Споредна улога)
- Итар Пејо (1977, Главна улога)
- Курирот на Гоце Делчев (1979, Споредна улога)
- Илинден (1982, Главна улога)
- Јужна патека (1982 Споредна улога)
- Македонски народни приказни (1986, Споредна улога)
- Еурека (1989, Главна улога)
- Џипси меџик (1997, Главна улога)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Личности, Македонски автори: Сеќавања“. Институт за театрологија. Архивирано од изворникот на 2008-12-27. Посетено на 2009-11-23.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Љутви Сејфула на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)