Клаудио Абадо
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Клаудио Абадо (италијански: Claudio Abbado) e роден на 26 јуни 1933 г. во Милано, Италија. Италијански диригент. Абадо студирал пијано, компонирање и диригирање на Конзерваториумот "Џузепе Верди" пред да почне со диригирање во Виена. Долг период го поврзуваа со Миланската скала (1968-86 г.) како главен диригент, а пред сѐ, како уметнички директор, како и со Виенската филхармонија и со Лондонскиот симфониски оркестар. Во 1989 г. го наследи Херберт фон Карајан како постојан диригент и уметнички директор на Берлинската филхармонија. Познат е по своите заложби за поставување интересни програми, вклучувајќи модерна музика.
| Оваа статија за музика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

|