Сент Лоренс (река)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Сент Лоренс — голема северноамериканска река што тече од исток кон запад и ги поврзува Големите Езера со Атлантскиот Океан. Таа е најважниот воден пат од Големите Езера до Атлантикот, и претставува природна граница помеѓу Канада и САД.
Извира (истекува) на источниот крај од езерото Онтарио кај градот Кингстон, тече кон запад во должина од 1.197 км, и конечно се влева во Атлантикот формирајќи го најголемото устие на светот, наречено залив Сент Лоренс. На нејзините брегови се изградени многу населби, од кои најголеми се Монтреал и Квебек Сити во Канада.
По нејзиниот тек има два островски архипелази: Илјада Острови кај Кингстон, Онтарио и Хохелага кај Монтреал, и уште неколку поголеми острови.
Езерото Шамплејн, реките Отава, Ришелје и Сагуенај се влеваат во Сент Лоренс.
Заливот и реката Сент Лоренс биле појдовна точка за навлегување на Европските колонизатори во внатрешноста на Северноамериканскиот континент. Во почетокот, таа била пловна само до Монтреал, но подоцна е прокопан каналот Лашин кој овозможил пловидба сè до езерото Онтарио, и понатаму во областа на Големите езера. Денес, преку систем на канали, брани и порти, дури и прекуокеански бродови можат да пловат низ Сент Лоренс сè до езерото Супериор.