Сотир Брбевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сотир Брбевски
Роден 15 ноември 1914
Битола
Починал 9 септември 1944(1944-09-09) (возр. 29)
Прешево
во борба

Сотир Секулов Брбевски (15 ноември 1914, Лавци, Битолско — 9 септември 1944, Прешево, Србија) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Биста на Сотир Брбевски во Битола

Сотир Секулов Брбевски е роден во селото Лавци. Се занимавал со кондураџиство. Уште од првите дни по окупацијата, како член на КПЈ, активно се борел против окупаторот. На 12 септември 1943 година доброволно стапил во партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Учествувал во бројни борби против разни фашистички единици. Бил командант на бригада. Загинал на 9 септември 1944 година во борбите за ослободување на Прешево.[1]

Чествување[уреди | уреди извор]

Во негова чест една улица во населбата Недопирливи во Битола, улицата што ги спојува ул. Ѓорѓи Наумов со ул. Студентска, го носи неговото име.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  2. Сотир Брбевски на Гугл мапи