Доленци (Битолско)
| Доленци | |
Воздушен поглед на селото | |
| Координати 41°5′2″N 21°9′18″E / 41.08389°N 21.15500°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Цапарско Поле |
| Население во атар1 | 236 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 7314 |
| Повик. бр. | 045 |
| Шифра на КО | 02042 |
| Надм. вис. | 790 м |
| Слава | Ѓурѓовден |
Објаснувања за населението 1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
| |
Доленци — село во Општина Битола, во областа Цапарско Поле, во околината на градот Битола.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]По раскажувањето на народот, се претпоставува дека селото го добило името по својата местоположба. Бидејќи се наоѓа во дол, односно подолу од другите села зборовите „дол“ и „долу“ преку различни трансформации во употребата се дошло до зборот „Доленци“ и оттогаш го добива името.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Цапарско Поле, во западниот дел од Општина Битола, во насока на превојот Ѓавато.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 790 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 20 километри и се наоѓа недалеку до патот Битола-Ресен.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 2347, кој се двои од магистралниот пат А3 кај селото Кажани.
Селото се наоѓа во плодното Цапарско Поле помеѓу Цапарска Река на исток и Маловишка Река на запад. Околни села се Ѓавато, Кажани, Лера и Рамна. Во Доленци постојат две чешми: Горна и Долна. Секое домаќинство има и посебен бунар со добра вода за пиење. Бунарите се длабоки 2 до 3 метри.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кале, Караица, Лагои, Слогои, Старо Село, Ќерамидница, Каменица, Оџини Ливади, Рамниште, Боздот, Лепушка и Бричак.[4]
Селото има збиен тип, чии куќи се групирани во три маала: Горно, Средно и Долно Маало. Во Горно Маало се македонските куќи, додека во останатите две, албанските куќи.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]На оддалеченост од еден километар на север од селото се наоѓа месноста Старо Село. Тоа е во долината на патот за познатото влашко село Гопеш. Во народот се говори дека се наоѓало старото македонско село Доленци, но тоа село пропаднало. На селиштето се познаваат рушевини од црквата „Св. Ѓорѓи“ и гробови, а по нивите засадени со тутун се наоѓаат остатоци од куќи. Црквата во 1957 година била во рушевини и бил зачуван само јужниот ѕид со височина од 3 метри.[4]
Селото на денешното место го основале 2-3 семејства, кои дошле од Старото Село. Од споменатите семејства потекнуваат денешните македонски родови: Наневци, Шљамовци, Кузеи, Митреи и Цветини. Подоцна се доселиле муслиманските Албанци. Денешните мештани говорат дека кон крајот на XVIII век најпрвин се доселил еден албански говедар од Колоња во Јужна Албанија. Споменатиот Албанец подоцна повикал уште 6-7 албански домаќинства, кои биле негови браќа и роднини. Затоа во 1801 година во селото се разликувале два дела: христијански и турски односно албански дел. До 1912 година, Албанците имале 90, а Македонците 20 куќи. Доселеното албанско население биле Тоски.[4]
Во 1912 година, Албанците заминале за Битола. Подоцна, еден дел се вратиле во селото, додека останатите останале во Битола или заминале во Турција. Најмногу земја на иселените Албанци купиле селаните од соседното Ѓавато.[4]
Во Средното Маало се наоѓа џамијата, која била срушена во 1912 година, а потоа обновена.[4]
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа површина од 7,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 421 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 218,2 хектари, а на пасиштата 82,1 хектар.[3]
Селото има полјоделско-шумарска функција и во него работи продавница.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Население во минатото | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Доленци имало 550 жители, од кои 200 Македонци христијани и 350 Албанци муслимани.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Доленци се води како чисто албанско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 91 куќа.[7]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Доленци имало 580 жители, од кои 420 Албанци и 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци и 150 Македонци.[9]
Доленци е средно по големина село, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година, селото броело 434 жители, а во 1994 година 281 жител, од кои 226 биле Албанци и 54 жители Македонци.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Доленци имало 265 жители, од кои 51 Македонец, 212 Албанци, 1 Бошњак и 1 останат.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 236 жители, од кои 30 Македонци, 200 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 4 лица без податоци.[11]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Доленци:
| Година | Македонци | Албанци | Турци | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1948 | — | — | — | — | — | — | 428 |
| 1953 | 200 | 102 | 130 | — | 1 | — | 433 |
| 1961 | 235 | 198 | 0 | — | 1 | — | 434 |
| 1971 | 239 | 67 | 26 | — | 150 | — | 482 |
| 1981 | 184 | 183 | 1 | — | 98 | — | 466 |
| 1991 | 125 | 257 | 0 | — | 15 | — | 397 |
| 1994 | 54 | 226 | 0 | — | 1 | — | 281 |
| 2002 | 51 | 212 | 0 | 1 | 1 | — | 265 |
| 2021 | 30 | 200 | 1 | 0 | 1 | 4 | 236 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
[уреди | уреди извор]Доленци е македонско-албанско село, албанските родови во селото се доселенички. Македонците се еден дел староседелци од старото село на Доленци, а другиот дел доселени.[4]
- Албански родови:
- Доселеници: Јаовци (6 к.), Алиловци (6 к.), Абдиловци (3 к.), Мединовци (5 к.), Незировци (2 к.), Исмаиловци (2 к.), Мусовци (2 к.), Ѓаковци (2 к.), Ферзуловци (1 к.), Реџеповци (1 к.), Исмаиловци (1 к.) и Селимовци (1 к.), доселени се во турско време од Јужна Албанија. Во родот Реџеповци се знае следното родословие: Даљан (жив, 61 година во 1951 г.)-Демир-Реџеп-Демир, кој се доселил, порано биле еден род со Алиловци; Назифовци (1 к,), доселени се од селото Сопотско во Преспа; Зекмановци (1 к.), доселени се од раселеното село Буково во Преспа, кое се наоѓало на патот Ресен-Охрид.
- Македонски родови:
- Староседелци: Цветини (8 к.), Кузевци (7 к.), Митревци (4 к.), Шљамовци (3 к.) и Наневци (1 к.), живееле во Старо Село.
- Доселеници: Ќипревци (4 к.), Грујовци (2 к.), Рајини (2 к.), Колевци (1 к.) и Пиљовци (1 к.), доселени се од соседното село Ѓавато; Јоановци (1 к.), доселени се од селото Ротино; Андоновци (1 к.), доселени се од Ѓавато во 1920 година; Белевци (1 к.), исто така доселени од Ѓавато; Гроздановци (1 к.), доселени се од селото Свиништа во Охридско; Бојиштани (2 к.), доселени се од селото Боиште во Железник.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1951 година од селото имало иселеници во Аргентина (2 семејства), САД (3 семејства), Велес (1 семејство), Скопје (1 семејство), Австралија (4 семејства) и во Битола (1 семејство).[12]
До 1957 година се знаело за осум македонски семејства, кои заминале во Битола (2 к.), Америка (1 к.) и Австралија (5 к.), додека во 1903 година во Битола се иселил родот Дошљаковци.[4]
Дел од албанското население се иселило во 1912 година.[4]
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, Ресен, Турција (муслиманите), прекуокеанските земји и низ Европа.[2]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]
- Подрачното основно училиште „Елпида Караманди“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Елпида Караманди“ - Битола[13]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Доленци било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Доленци се наоѓале селата Гопеш, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кажани, во која влегувале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште и Лера.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачко место бр. 0207 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 227 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Кале — населба од доцноантичко време;
- Суви Ливади — базилика од старохристијанско време; и
- Старо Село — црква и некропола од средниот век.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
- Џамии[18]
- Џамија — селска џамија
- Џамијата на сретсело
- Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Слави[4]
- Ѓурѓовден — селска слава
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Доленци
- Никола Вељанов Алтипармаков — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Иљо Вељанов Алтипармаков — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Автобуска постојка во селото
- Поглед на селото од далечина
- Поглед на Пелистер од полето кај Доленци
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2026-03-30. Посетено на 2026-30-03. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 101. Посетено на 21 ноември 2017.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 248-250. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-25. Посетено на 2024-02-09.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 18.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 ноември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно
|title=(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „ПУ Доленци“. македонски: ОУ „Елпида Караманди“ - Битола. Посетено на 21 ноември 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 ноември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 21 ноември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 29. ISBN 9989-649-28-6.
- 1 2 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=(help)CS1-одржување: друго (link)


