Орехово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орехово
Орехово is located in Македонија
Орехово
Местоположба на Орехово во Македонија
Координати 40°58′59″N 21°19′0″E / 40.98306° N; 21.31667° E / 40.98306; 21.31667Координати: 40°58′59″N 21°19′0″E / 40.98306° N; 21.31667° E / 40.98306; 21.31667
Општина Битола
Население 23 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 02027
Надм. вис. 1007 м
Орехово на општинската карта
Орехово во Општина Битола.svg

Атарот на Орехово во рамките на општината
Commons-logo.svg Орехово на Ризницата
Орехово во 1903 година

Ореово или Орехово — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Споменик за Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во селото Ореово

Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“.

Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орехово живееле 260 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орехово имало 240 Македонци, патријаршисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Орехово брои 23 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 260[1] 240[2] 316 310 279 261 286 55 39 23

Родови[уреди | уреди извор]

Орехово е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Србиновци (12 куќи), Бубало (3 куќи) и Туфте (1 куќа), Нивните предци живееле во месноста Магарево, по патот за накај Буково;
  • Доселеници од непознато место: Амиџовци (5 куќи), Димковци (3 куќи), Анаќијевци (5 куќи), Ѓулевци (4 куќи), Јаневци (6 куќи), Мажевци (5 куќи), Ѓирковци (4 куќи), Пановци (4 куќи), Јанкуловци (4 куќи), Трпевци (2 куќи) и Чедевци (1 куќа), родовите Амиџовци и Димковци потекнувале од ист предок, и родовите Анаќијевци и Ѓулевци потекнувале од ист предок.[5]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 128 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на стара зграда на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 29 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Теодора Стефанова, 7 март 1909 г.[11]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселеници од селото до 1951 година имало во Северна Америка и во Австралија.[5]

Иселеништвото продолжило и потоа и иселеници има во Битола, прекуокеанските земји и во европските земји.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 237
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. 5,0 5,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  11. The American School of Classical Studies (ASCSA)
  12. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]