Црнобуки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Црнобуки е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Црнобуки
Црнобуки се наоѓа во Македонија
Црнобуки
Местоположба на Црнобуки во Македонија
Координати 41°07′27″ СГШ 21°19′23″ ИГД / 
Општина Општина Битола
Население 406 жит.
Надм. вис. 573 м
Commons-logo.svg Црнобуки на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Црнобуки е пелагониско село со четиристотини жители и се наоѓа на стратешка позиција на само неколку километри пред Битола, помеѓу двете патни артерии кон Демир Хисар и Прилеп. До таму води патот за Демир Хисар преку Кукуречани, а веднаш потоа забраздува низ полето се до реката Шемница, околу која се изградени куќите. Селските ниви се распослани кон утробите на Пелагониската котлина до „прилепското џаде“ кај месноста Петилеб, а на другата страна над црквата се ридовите кои од памтивек селаните ги викаат Градиште. Од кај Лисолај, село со најубавото битолско грозје, земјен пат се искачува кон височините. Таму под самиот врв, во сува рида, зад едно големо дрво, од стените извира кладенецот Самовилец, кој никогаш не пресушил. Тука секогаш има оставено крпи, пари и други дарови. Селаните го сметаат за петочна вода. Од секаде доаѓаат жени што немаат пород. Оваа вода со својата мистичност и моќ, испиена во петок, помогнала намерничките да го добијат најпосакуваниот божји дар, породот и мајчинството, велат селските преданија. Оттаму, кон долината на Шемница распослан е големиот рид Стари Град. На самиот врв има две пештери, во кои девет децении никој не влегол. Најстарите од Макаловци, Белокозовци, Брдаровци и другите црнобучки фамилии раскажуваат дека таму биле стационирани војските од Прва светска војна. Во едната пештера бил лазаретот, а друга била магацин со муниција. Долу под селото се пресекувал фронтот и по Шемница течела крв до колена. До денес, овие тајни останаа неразгатнати, а уште помалку тајните од далечните времиња.

Историja[уреди | уреди извор]

Од памтивек по нивите и селските дворови, селаните од Црнобуки наоѓале разни предмети од античко време: ќупови, амфори, мермерни предмети и монети. Кога се направија колективите во времето на социјалистичките егзалтации и селски мачнини, возрасните биле загрижени за опстанокот на нивните семејства, а децата си играле со тие предмети. Никој не помислувал дека тоа се скриените камчиња на еден голем мозаик, што по половина век и подоцна, ќе ги создаде дилемите, дека тука се крие колевката на последниот македонски цар Персеј и дека во утробите на Стари Град се крие царството Персеида. "Селската чешма, која се напојува со изворска вода близу црквата, ја преместивме малку погоре од патот. Тука го поставивме мермерниот мозаичен камен, кој е пронајден во нивите и е од прастаро време. Сакавме да ја украсиме чешмата и симболично да потсетува за преданијата што со векови се плетат за ова место", велат селаните.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Црнобуки живеат 406 жители, сите Македонци.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[1]
Археолошки локалитети

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб од село Црнобуки се вика "Зелена Ливада".

Личности[уреди | уреди извор]

  • Поп Диме - деец на ВМРО, војвода на четата на Црнобуки за време на Илинденското востание.[4]
  • Христо Котев (1860 - ?) - револуционер на ВМРО

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 131.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]