Св. Димитрија (Црнобуки)
Св. Димитрија — археолошко наоѓалиште во битолското село Црнобуки. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во селската црква „Св. Димитриј“ која е изградена во 1866 година и како чесна трпеза е поставен дел од мермерно стапало, а пред влезот во црквата има мермерен столб. Надвор од селската црква, во чешмата е вѕидана мермерна шишарка од надгробен споменик. Не се знае од каде се донесени овие сполии.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Варварица — некропола од доцноантичко време;
- Градиште — населба од хеленистичко и доцноантичко време;
- Гулев Рид — населба од римско време;
- Самовилец — населба од железно време;
- Тумба — населба од неолитско и бакарно време
- Под Селото — населба од римско време;
- Црнобуки — депо на монети од средниот век;
- Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Црнобуки;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |