Тумба II (Кравари)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тумба II
археолошко наоѓалиште
Тумба II is located in Македонија
Тумба II
Местоположба на Тумба II во Македонија
Местоположба 40°58′59″N 21°22′0″E / 40.98306° N; 21.36667° E / 40.98306; 21.36667Координати: 40°58′59″N 21°22′0″E / 40.98306° N; 21.36667° E / 40.98306; 21.36667
Основни податоци
Место Кравари
Општина Битола
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Тумба II археолошко наоѓалиште во битолското село Кравари. Претставува населба од неолитско време . Во археолошка карта под називот „Тумба“ е заведена неолитска населба која според авторите е лоцирана северо-источно од селото Кравари. Во текот на рекогносцирањата во 2014 година се пронашол локалитет со истото име, меѓутоа на 3km северно од селото. И на него е присутно големо количество неолитски материјал, така што сè уште е нејасно дали станува збор за истиот локалитет. Бидејки североисточно од селото не е пронајден друг локалитет, најверојатно се работи за истата тумба. Таа е делумно спуштена со орањето, а пресечена е на две половини со каналот за наводнување кој минува низ нејзината средина. Од тие причини, не можеше целосно да се измери нејзината зафатнина, така што измерената површина од едната половина апроксимативно се удвоило за да се добие приближната големина на тумбата. Карактеристично е тоа што на неа е присутно големо количество лепеж, што е ретка појава кај другите тумби. [1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]