Ќосеица (Карамани)
Ќосеица или Бари — археолошко наоѓалиште во битолското село Карамани. Претставува населба од римско време . Се наоѓа на околу 1 км северно од црквата „Св. Никола“, во нива на месен жител, која зафаќа површина од 2 хектари, каде при обработувањето на земјата се откриени ѕидови - едни градени од камен и кал, а други од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и друг градежен материјал. Откриени се и остатоци од фурна ѕидана од камен и тули.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Тумба — населба од неолитско, бакарно и бронзено време;
- Карамани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |