Долно Егри
Долно Егри — раселено село во Општина Битола, во областа Пелагонија, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Пелагониската Котлина, југоисточно од Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Егри живееле 240 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Егри имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Во 1961 година селото броело 230 жители, за после многу брзо да се исели.
Селото е целосно раселено по 1981 година, кога што броело 86 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Егри немало жители.[4] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | 176 | 170 | 213 | 230 | 124 | 86 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Долно Егри било македонско село.
Родови во селото биле: Џолевци (2 куќи), Трпчевци (1 куќи) и Србиновци (1 куќа) најстари родови во селото, возможно е да се староседелци; Јудовци (2 куќи), Димовци (1 куќа) и Трифун (1 куќа) не знаат од каде се доселени; Рендевци (1 куќа) доселени се од некое околно битолско село; Каракушовци (1 куќа) доселени се од Горно Егри; Семковци (3 куќи) доселени се од Велесело, а некое време живееле и во Букри; Кечоманци (1 куќа) доселени се однекаде; Беџовци (1 куќа) исто потекло како и Семковци; Велковци (2 куќи) доселени се од Букри; Тодоровци (1 куќа) доселени се од Смилево; Павловци (1 куќи) доселени се од Букри; Петревци (2 куќи) доселени се од Новаци после 1918 година; Јошевци (2 куќи) доселени се од Марул после 1918 година; Тасевци (1 куќа) доселени се од некое село во албанскиот дел од Преспа после 1918 година; Сидоровци (1 куќа) доселени се од селото Опеница во 1941 година; Симјановци (1 куќа) доселени се од селото Душегубица, кичевско.[9]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Св. Петка — населба од неолитско време;
- Св. Богородица — населба од неолитско време;
- Цркви[11]
- Црква „Св. Петка“ — главната селска црква, целосно опожарена во август 2013 година.[12]
- Црква „Св. Богородица“ — се наоѓа северозападно од селото на речен остров. изградена е после Првата светска војна. Во минатото месноста се викала Црквиште и околу црквата има стари гробови.[13]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Изгорена црква во битолско“. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 2013-08-16.
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998