Маловиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маловиште
Malovishte panorama.JPG

Куќи во Маловиште

Маловиште is located in Македонија
Маловиште
Местоположба на Маловиште во Македонија
Координати 41°1′59″N 21°7′50″E / 41.03306° СГШ; 21.13056° ИГД / 41.03306; 21.13056Координати: 41°1′59″N 21°7′50″E / 41.03306° СГШ; 21.13056° ИГД / 41.03306; 21.13056
Општина Општина Битола
Население 98 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1695 м
Маловиште на општинската карта
Маловиште во Општина Битола.svg

Атарот на Маловиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Маловиште на Ризницата
Архитектура во селото Маловиште
Маловиште
Власите се познати по сточарство.

Маловиште (познато и како Маловишта) — село во Општина Битола, на 20-ина километри од градот. Тоа е планинско село, на подножјето на Баба Планина и е единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер. Во Маловишта живеат околу 100 жители, додека за време на викендите преминува и 500.

Маловишта е специфично село, со интересна, автентична архитектура. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и изгледот на мала градска населба. Во центарот на селото се издигнува црквата Св. Петка, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба. Во центарот има јавен објект каде што е поставена изложба за традиционалната култура на селото. Во Маловишта нема угостителски објект, но со претходна најава, локалните жители можат да организираат ручек во самото село, и тоа познати влашки специјалитети, како на пример влашката пита, јагне печено во фурна и други традиционални локални јадења.

Историја[уреди | уреди извор]

Панорама на село Маловиште

Маловишта датира уште од античко доба, од четвртиот век во нашата ера на локацијата Попова Нива на два и пол километри од сегашната, а за денешната локација се знае од 16 век наваму. Во 19 век, селото имало над 2.000 жители и било центар во кој се доселувале Власите од Москополе, од Грамос и од Епир. Во тој период, во селото имало две грчки и две романски училишта, а речиси секој жител зборувал по два-три јазика.[1] Со миграционите движења и војните и Маловишта ја доживеало судбината на сите села. Богатите Власи, кои главно биле кираџии и трговци, се преселиле во богатите балкански метрополи, а селото се испразнило. Но, во последните 10 години, благодарение на силното влашко лоби, тоа пак се обновува. Тоа е единствено село со детален урбанистички план и со десетици нереализирани а изготвени проекти. Сега се следи најновиот економски тренд на одржлив развој, што е хит во селото и нема странска фондација што не сака да финансира во готови проекти за одржлив развој.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, Маловиште е големо село со 2.300 жители, Власи.[2]

Според последниот попис од 2002 година, Маловиште има 98 жители и претставува мала населба. Населението во 1961 и 1971 година кое национално не се определило, всушност се Власи, кои во тие пописни години не постоеле како дел од народите за определување. На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 504
1953 143 300 2 1 446
1961 27 ... 1 316 344
1971 31 ... 2 276 309
1981 252 1 4 257
1991 18 111 129
1994 18 1 102 121
2002 10 1 87 98

Родови[уреди | уреди извор]

Маловиште е влашко село.

Родови во Маловиште се: Гашовци (9 к.), Доловци (6 к.), Анѓеловци (4 к.), Гучилаш (4 к.), Стојановци (4 к.), Љикуши (3 к.), Тошо (3 к.), Гага (3 к.), Тони (3 к.), Фуно (2 к.), Баба (2 к.), Гато (2 к.), Бего (2 к.), Мега (2 к.), Цигарида (2 к.), Кушка (2 к.), Беломаче (1 к.), Цапо (1 к.), Шикле (1 к.), Роме (1 к.), Чода (1 к.), Муфо (1 к.), Зоги (1 к.), Мушола (1 к.), Риза (1 к.), Ибро (1 к.), Прди (1 к.) и Тали (1 к.). Доселени се на крајот од 18 и почетокот од 19ти век од Москополе (Албанија); Палигоровци (5 к.) и они се доселени од Москополе; Грамосли (20 к.) доселени се во првата половина од 19ти век од Грамос (Грција); Матовци (4 к.) доселени се од областа Матија (Албанија) и по тоа го добиле името; Чаја Гора (1 к.) доселени се од истоименото село кај Лерин; Зракополис (1 к.) потекнуваат од предок Каракачанин доселен од околината на Лариса, Грција; Марија (1 к.) исто потекло како и претходниот род; Дајовци (4 к.) доселени се од некое место во Грција; Тасевци (1 к.) доселени се од соседното село Кажани, потекнуваат од домазет, порано зборувале македонски; Цапарци (1 к.) основачот на родот дошол како домазет од селото Цапари, и они порано зборувале македонски, домазетот влегол во родот Мара.[4]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[5]
Археолошки локалитети[8]
Црква св.Спас - Свето Вознесение господово на 2.000 н.в во близина на врвот Вртешка -северозападно од село Маловиште
Црква Св.Петка во село Маловиште
Црква св.Ана на 1400 н.в југозападно од село Маловиште
Конаци на манастирот св.Ана на 1400 н.в југозападно од село Маловиште

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Матески, „Маловиште“, Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 106-107.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. конс. 2019-01-01. 
  5. „Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер“ (македонски). Битола турист. конс. 2012-03-28. 
  6. Александар Матески, „Маловиште“, Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 106-107.
  7. Александар Матески, „Маловиште“, Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 106-107.
  8. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. ЕТНОФЕСТИВАЛ ВО МАЛОВИШТА Тридневен празник на влашката култура“, Дневник (посет. 10 февруари 2011 г). (на македонски)
  10. Етнофестивал „Маловишта 2008““, Утрински Весник, 24 јули (посет. 28 март 2012 г). (на македонски)
  11. Василичарски карневали и во битолските села Цапари и Маловиште“, скај.мк, ПЕТОК, 13 ЈАНУАРИ 2012 12:38 (посет. 28 март 2012 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]