Периволи
Периволи Περιβόλι | |
---|---|
Поглед на селото од исток | |
Координати: 39°59′N 21°7′E / 39.983° СГШ; 21.117° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Периволи |
Надм. вис. | 1.280 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 21 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Периволи (грчки: Περιβόλι; влашки: Perivoli) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2011), сочинето од Власи.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа околу 30 км југозападно од градот Гребен, на планината Лигос, дел од венецот Пинд, на надморска височина од 1.280 м. Периволи е сместено на 7 км јужно од Авдела, крај изворите на една од притоките на реката Венетик.[2]
Јужниот дел на селскиот атар припаѓа на националниот парк „Пинд“.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Главната знаменитост во селото е црквата „Св. Никола“, сместена надвор од селото крај патот што води за Гребен.[3] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од XVIII век.[4]
Во XIX век Периволи било големо влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Периволи живееле 1.800 Власи.[5] Според грчка статистика од 1904 година во Периволи живеат 850 влахофони, од кои 85 се „Романци“.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Периволион (Периволја) се води како чисто влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 300 куќи.[7]
До 1912 година, четата на андартскиот капетан Јорко Чокардани дејствувала во селото.[8]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.354 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 21. Тоа се должи на фактот што пописот во таа година е извршен во декември, кога речиси сите семејства од селото се наоѓале на зимување во Тесалиското Поле.[2]
Селото тешко настрадало за време на Граѓанската и Втората светска војна.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението традиционално се занимава со сточарство.[2]
Население
[уреди | уреди извор]По Граѓанската војна селото практично се испразнило и не почнало да се населува во поголема мера сè до 1980-тите. Оттогаш, населението бележи пораст и повторен пад.
Во пописот од 1951 година, селото било забележано со 26 жители, во 1961 година со 15, во 1971 година со 5, во 1981 година со 165, а во 1991 година со 312 жители.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 699 | 26 | 15 | 5 | 165 | 312 | 454 | 21 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 137 квадратни километри. Општината Периволи била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.[2]
Селото припаѓа на општинската единица Периволи со седиште во истоименото селото, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Периволи, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во XVIII век;
- Црква „Св. Никола“ — манастирска црква изградена во 1803 г.
Личности
[уреди | уреди извор]Родени во Периволи
- Георге Пердики (1913 - 1966) — писател
- Димитру Константинеску (1848 - ?) — свештеник
- Зисис Вракас (1857 - ?) — гркомански андартски капетан
- Јорко Чокардани (? - 1918) — гркомански андартски капетан
- Константин Скрима (1918 - 1983) — писател
- Штерјо Апостолина — револуционер
По потекло од Периволи
- Зои Папазиси-Папатеодору (р. 1950) — фолклористка, по потекло од Периволи
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Најголем дел од жителите на селото се имаат преселено во поголемите градови во Грција, но тие исто така се преселиле низ цел свет, особено во САД и Европа, каде што се занимаваат со трговија и со доходни занаети. Тие имаат свои друштва преку кои ја одржуваат традицијата на своите предци.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 125–126.
- ↑ „Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού | Ναός Αγίου Νικολάου στο Περιβόλι“. odysseus.culture.gr. Посетено на 2023-10-23.
- ↑ „Περιβόλι“. Η πόλη και τα χωριά του Νομού Γρεβενών. Архивирано од изворникот на 2015-01-19.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-10-23.
- ↑ Κωνσταντίνος Σπανός. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 73.
- ↑ Георгиев, Величко; Трифонов, Стайко (1994). История на българите 1878-1944 в документи. Т. I. 1878 - 1912. II. София: Просвета. ISBN 954-01-0558-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Периволи на РизницатаНаселени места во општината Гребен
ОЕ Авдела ОЕ Венци ОЕ Горѓани 2 ОЕ Гребен ОЕ Дуско ОЕ Ираклеотес 2 ОЕ Месолово ОЕ Периволи ОЕ Самарина ОЕ Смикси ОЕ Теодорос Зјакас 2 ОЕ Филипишта ОЕ Чирак Историски 1 Новосоздадено место од грчки доселеници во XX век
2 Новодадени грчки називи што не се однесуваат на ниеден постоечки топоним.