Палеокоприја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Палеокоприја
Δασάκι
Палеокоприја is located in Грција
Палеокоприја
Палеокоприја
Местоположба во областа
Палеокоприја во рамките на Гребен (општина)
Палеокоприја
Местоположба на Палеокоприја во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°12′N 21°21′E / 40.200° СГШ; 21.350° ИГД / 40.200; 21.350Координати: 40°12′N 21°21′E / 40.200° СГШ; 21.350° ИГД / 40.200; 21.350
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаИраклеотес
Надм. вис.&10000000000000775000000775 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно11
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Палеокоприја (грчки: Δασάκι, Дасаки; до 1950 г. Παλαιοκόπρια, Палеокоприја[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на надморска височина од 775 м, околу 15 км северозападно од градот Гребен.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Палеокоприја било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Палеокапра се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 13 куќи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Палеокоприја живееле 75 Грци.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Палеокоприја живееле 60 Грци христијани.[6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 37 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 40.[3]

Во 1950 година, името на селото било променето во Дасаки (Δασάκι).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 37 жители, во 1920 година со 40 жители, во 1928 година со 59, во 1940 година со 86, во 1951 година со 48, во 1961 година со 48, во 1971 година со 22, во 1981 година со 35, а во 1991 година со 32 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 86 48 48 22 35 32 19 11
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Ираклеотес со седиште во селото Чурхли, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Стихази, во кој влегува и селото Стихази.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Palaiokopria -- Dasakion“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-02.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 124–125.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
  5. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-02.
  6. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.