Зигост
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Зигост Μεσόλακκος | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°5′N 21°31′E / 40.083°N 21.517°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Западна Македонија |
| Округ | Гребен |
| Општина | Гребен |
| Општ. единица | Гребен |
| Надм. вис. | 610 м |
| Население (2011)[1] | |
| • Вкупно | 49 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Зигост или Зигости (грчки: Μεσόλακκος, Месолакос; до 1927 г. Ζυγόστι, Зигости[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 49 жители (2011).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на околу 9 км источно од градот Гребен, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 610 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Зигост било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Зигост живееле 170 Грци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зигос се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 24 куќи.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Зигост живееле 140 Грци христијани.[6]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 175 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 160.[3]
Во 1927 година, името на селото било променето во Месолакос (Μεσόλακκος).
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото располага со плодни обработливи површини чиј дел се наводнува. Населението произведува жито, овошје и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и краварство.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 217 | 222 | 233 | 158 | 116 | 70 | 84 | 49 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Zygosti -- Mesolakkos“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-01.
- 1 2 3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 116–117.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||