Врбово
| Врбово Ιτέα | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°03′N 21°36′E / 40.050°N 21.600°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Западна Македонија |
| Округ | Гребен |
| Општина | Гребен |
| Најг. вис. | 650 м |
| Најм. вис. | 620 м |
| Население (2011)[1] | |
| • Општ. един. | 133 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| Пошт. бр. | 51 100 |
| Повик. бр. | +30 24620 |
| Рег. таб. | ΡΝ |
Врбово — село во Гребенско, Егејска Македонија, Република Грција. Во селото според пописот од 2011 година има 133 жители
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа 20 километри источно од градот Гребен и 5 км источно од реката Бистрица.
Историја
[уреди | уреди извор]Под владение на Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Кон крајот на ХІХ век Врбово е грчко христијанско село во нахијата Венци во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во текот на 1900 година во Врбово живее 131 Грк.[2] Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Βούρμποβο има 94 Грци христијани.[3] Според записите од Бугарската егзархија на Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врбово (Virbovo) има 150 Грци.[4]
Грчка окупација
[уреди | уреди извор]Во периодот на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година Врбово влегува во составот на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е сменето во Итеја.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението во селото се занимава со земјоделство и сточарство.
Демографија
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 189 | 208 | 284 | 227 | 240 | 189 | 242 | 133 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Централната црква „Свети Илија“ е споменик на културата. Годишната селска слава се слави на Мала Богородица - 8 септември.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 281.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||