Грците (грчки: Έλληνες, Елинес) — индоевропски народ чија матична држава е Грција, каде што ги има и во најголем број. Конститутивен народ се и на Кипар. Грците го зборуваат грчкиот јазик и имаат православна вероисповед, но постојат помали католички заедници во јонските и егејските острови, последица на вековното италијанско присуство во тие мориња.
Грците како тема во уметноста и во популарната култура
„Бачванинот и Гркот“ (Бачванин и Грк) - српска народна приказна.[39]
Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Грците се повеќе љубезни другари, отколку доверливи пријатели.[40] Според него, тие не се љубоморни зашто сметаат дека жената може лесно да се надомести, како и поради тоа што и тој е во состојба да изневери.[41] Во својот роман „Истражител“, српскиот писател Драган Великиќ вели дека „Гркините не се одликуваат со убавина, но кога се убави, тогаш се вистински божици“.[42]
↑ Според националната статистичка служба на Холандија, цитирано од: Република Грција: Министерство за надворешни работи: Холандија: грчката заедница(англиски)