Гагаузите(гагауски: Gagauz, мн. Gagauzlar или Gagavuz, мн. Gagavuzlar;руски: Гагаузы) — номинално туркиски народ кој живеe претежно во Молдавија, односно во автономната покраина Гагаузија. Во Гагаузија, тие сочинуваат околу 83% од вкупното население. Мнозинството од Гагаузите се со православна вероисповед но има и муслимани кои живеат во Турција. Вкупниот број на Гагузите е 230 000 од кои во Молдавија живеат 147 500, во Украина 31 000 и во Турција 15 000 и 10 000 во Бугарија, каде бугарската наука ги смета за Бугари.
Според најподобрната генетска анализа, Гагаузите се најсродни на Македонците,[8] што значи дека тие претрпеле јазична асимилација, а со тоа и вештачки „турски“ идентитет.