Георгица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георгица
Γεωργίτσα
Георгица is located in Грција
Георгица
Георгица
Координати: 39°55′N 21°24′E / 39.917° СГШ; 21.400° ИГД / 39.917; 21.400Координати: 39°55′N 21°24′E / 39.917° СГШ; 21.400° ИГД / 39.917; 21.400
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000820000000820 м
Население (2001)[1]
 • Општ. един.раселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51100
Повик. бр.24620

Георгица (грчки: Γεωργίτσα) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2001 година селото нема жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 25 километри јужно од градот Гребен и 5 километри јужно од Житово, на северното подножје на планината Хасија, која е дел од масивот Пинд.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на ХІХ век Георгица е грчко христијанско село во јужниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Георгица имало 100 Грци христијани.[2]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Георгица станува дел на Кралството Грција.

При првиот попис од новата власт во 1913 година во Георгица се регистрирани 132 жители.[3]

Во 1970-1971 година управата на воената хунта во Грција создала ново село Агии Теодори, во кое постепено се преселиле жителите на Георгица и на уште 6 околни села.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Движењето на населениото по години е следното[5]:

  • 1913 - 132 жители
  • 1920 - 113 жители
  • 1928 - 127 жители
  • 1940 - 173 жители
  • 1951 - 179 жители
  • 1961 - 180 жители
  • 1971 - 115 жители

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото претежно се занимавало со сточарство и сточарски производи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
  3. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  4. Официјално туристичко семрежно место за Западна Македонија[мртва врска]
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 111.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]