Дион-Олимп
Општина Дион-Олимп Δήμος Δίου–Ολύμπου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Пиерија |
Гео. област: | Пиериска Рамница |
Население: | 19 668 (2001) |
Седиште: | Литохоро |
Нас. места: | 24 |
Пошт. бр.: | 602 00 |
Пов. бр.: | 23520-8 |
Портал: | dion-olympos.gr |
Дион-Олимп (грчки: Δήμος Δίου–Ολύμπου, Димос Диу-Олимбу) — општина во Катеринско, Егејска Македонија, денес во округот Ситонија, Грција. Административен центар е гратчето Литохоро.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Дион-Олимп е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Литохоро, Дион и Источен Олимп по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Дион[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Дион (Δήμος Δίου) со седиште во Кондариотиса има 3 283 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Кондариотиса
- село Кондариотиса (Κονταριώτισσα) (1 980 жители)
- Општински оддел Вронду
- село Вронду (Βροντού) (2 081 жител)
- Општински оддел Карица
- село Карица (Καρίτσα) (2 220 жители)
- Општински оддел Кондариотски Колиби
- село Кондариотски Колиби (Άγιος Σπυρίδωνας, Агиос Спиридонас) (1 558 жители)
- Општински оддел Малатрија (1 554 жители)
- село Малатрија (Δίον, Дион) (1 336 жители)
- село Платанакија (Πλατανάκια) (218 жители) новосоздадено
- Општински оддел Ступи
- село Ступи (Νέα Έφεσος, Неја Ефесос) (1 859 жители)
Општинска единица Источен Олимп[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Источен Олимп (Δήμος Ανατολικού Ολύμπου) со седиште во Лептокарија има 9 374 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Лептокарија
- село Лептокарија (Λεπτοκαρυά) (4225 жители)
- Општински оддел Пантелејмон (1187 жители)
- село Ново Пантелејмон (Νέος Παντελεήμονας, Неос Пантелејмонас) (861 жител) новосоздадено
- село Пантелејмонска Плажа (Παραλία Παντελεήμονος, Паралија Пантелејмонос) (292 жители) новосоздадено
- Општински оддел Платамона
- град Платамона (Πλαταμώνας, Платамонас) (2197 жители)
- Општински оддел Пурлија (741 жител)
- село Нова Пурлија (Νέοι Πόροι, Неи Пори) (691 жител) новосоздадено
- село Пурлија (Πόροι, Пори) (21 жител)
- село Свети Димитрија (Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос) (29 жители) новосоздадено
- село Старо Пантелејмон (или само Пантелејмон; Παλαιός Παντελεήμονας, Палеос Пантелејмонас) (34 жители)
- Општински оддел Скотина (1024 жители)
- село Скотина (Σκοτίνα) (957 жители)
- село Горна Скотина (Άνω Σκοτίνα, Ано Скотина) (0 жители)
- село Скотинска Плажа (Παραλία Σκοτίνας, Паралија Скотинас) (67 жители) новосоздадено
Општинска единица Литохоро[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Литохоро (Δήμος Λιτοχώρου) има 7011 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Литохоро (7011 жители)
- град Литохоро (Λιτόχωρο) (6697 жители)
- село Варички Колиби (Καλύβια Βαρικού, Каливија Варику) (38 жители)
- село Грица (Λιμήν Λιτοχώρου, Лимен Литохору) (38 жители) новосоздадено
- село Плака (Πλάκα) (212 жители) новосоздадено
- манастир „Свети Дионисиј“ (Μονή Αγίου Διονυσίου) (26 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|