Синтика (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Синтика
Δήμος Σιντικής
Dimos Sindikis - Central Macedonia.svg
Општина Синтика на картата на област Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Сер
Гео. област:
Население: 28 382 (2001)
Админ. центар: Валовишта
Нас. места: 44
Пошт. број: 623 00
Пов. број: 23230-2
Портал: sidiki.gr/

Синтика (грчки: Δήμος Σιντικής, Димос Синдикис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Валовишта (или Демир Хисар; гр. Сидирокастро). Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Демирхисарско“ или „Валовишко“.

Општината е наречена по горномакедонската област Синтика, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Синтика е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на општините Беласица (Керкини), Валовишта (Сидирокастро), Петрич (Петрици) и општинските целини Драготин (Промахонас), Крушево (Ахладохори) и Сенгелово (Ангистро) по законот „Каликратис“.[1] Општината практично е наследник на некогашната епархија Ситника во Серскиот округ која постоела до усвојувањето на законот „Каподистријас“ во 1997 г. и е приближно слична на Демирхисарската каза на Серскиот санџак во Османлиското царство.

Општинска единица Беласица[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Беласица на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општината Беласица (Δήμος Κερκίνης) со седиште во Станица Порој има население од 10 037 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Станица Порој (1 181 жители)
  • Општински оддел Анатолу (524 жители)
  • село Анатолу (Ανατολή, Анатоли) (200 жители)
  • село Соколово (Παραπόταμος, Парапотамос) (212 жители)
  • село Тодорово (Θεοδώρειο, Теодорио) (112 жители)
  • Општински оддел Бутково (2 217 жители)
  • село Бутково (Κερκίνη, Керкини) (1 472 жители)
  • село Дели Хасан (Μοναστηράκι, Монастираки) (380 жители)
  • село Старошево (Ставрово, Σταυροδρόμι, Ставродроми) (316 жители)
  • село Ќулахли (или Ќулехли, Ќулекли; Κορυφούδι, Корифуди) (49 жители)
  • Општински оддел Бутковска Џумаја
  • Општински оддел Горни Порој
  • Општински оддел Долни Порој (746 жители)
  • Општински оддел Метница
  • село Метница (или Матница; Μακρινίτσα, Макриница ) (365 жители)
  • Општински оддел Неохори
  • село Неохори (Νεοχώρι) (684 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Палмеш (1 000 жители)
  • село Палмеш (Καστανούσσα, Кастануса) (733 жители)
  • село Глибовци (или Глибовица, Глобоштица, Καλοχώρι, Калохори) (267 жители)
  • Општински оддел Шугово
  • село Шугово (Πλατανάκια, Платанакија) (697 жители)

Општинска единица Валовишта[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Валовишта на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општината Валовишта (Δήμος Σιδηροκάστρου) има население од 10 598 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Валовишта (6 349 жители)
  • град Валовишта (Σιδηρόκαστρο, Сидирокастро) (5 711 жители)
  • село Герман (Σχιστόλιθος, Схистолитос) (18 жители)
  • село Елешница (Φαιά Πέτρα, Феја Петра) (166 жители)
  • село Инанли (Κάτω Αμπέλα, Като Амбела) (184 жители)
  • село Лутра (Λουτρά) (25 жители)
  • село Пулево (Θερμοπηγή, Термопиги) (197 жители)
  • село Станица (Σταθμός) (48 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Камарето
  • село Камарето (Καμαρωτό, Камарото) (568 жители)
  • Општински оддел Латрово
  • Општински оддел Радово
  • село Радево (или Радово; Χαροπό, Харопо) (1 432 жители)
  • Општински оддел Савек
  • село Савек (или Савјак; Βαμβακόφυτο, Вамвакофито) (1 168 жители)
  • Општински оддел Чифлиџик
  • село Чифлиџик (Στρυμονοχώρι, Стримонохори) (425 жители)

Општинска единица Драготин[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Драготин на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општинската целина Драготин (Κοινότητα Προμαχώνος) има 252 жители и опфаќа само едно населено место — Драготин (Προμαχώνας, Промахонас).

На територијата на општинската целина се и отпишаните села Рајковци (Καπνότοπος, Капнотопос) и Рупел (Κλειδί, Клиди).

Општинска единица Крушево[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Крушево на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општинската целина Крушево (Κοινότητα Αχλαδοχωρίου) со седиште во Крушево (Ахладохори) има 1208 жители. Општинската единица опфаќа три села сместени во котлина во долината на Крушевска Река (Крусовитис), затворена меѓу планините Словенка (Орвилос) од север и Шарлија (Ори Врондус) од југ.

  • Општински оддел Крушево (935 жители)
  • село Крушево (Αχλαδοχώρι, Ахладохори) (814 жители)
  • село Крчово (Καρυδοχώρι, Каридохори) (121 жители)
  • Општински оддел Црвишта
  • село Црвишта (Καπνόφυτο, Капнофито) (273 жители)

Општинска единица Петрич[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Петрич на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општината Петрич (Δήμος Πετριτσίου) има население од 5 877 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ветрен
  • село Ветрен (Νέο Πετρίτσι, Нео Петрици) (2 373 жители)
  • Општински оддел Голема Маала
  • село Голема Маала (или Бујук Маала; Μεγαλοχώρι, Мегалохори) (809 жители)
  • Општински оддел Дервент (549 жители)
  • село Дервент (Ακριτοχώρι, Акритохори) (427 жители)
  • село Турчели (Θρακικό, Тракико) (122 жители)
  • Општински оддел Мандраџик
  • Општински оддел Мрсна
  • село Мрсна (Γόνιμο, Гонимо) (605 жители)
  • Општински оддел Хаџи Бејлик (1 127 жители)
  • село Хаџи Бејлик (Βυρώνεια, Виронија) (905 жители)
  • село Горно Хаџи Бејлик (Άνω Βυρώνεια, Ано Виронија) (75 жители)
  • село Рамна (Ομαλό, Омало) (147 жители)

На територијата на општината е и село Обаја (Агриолевка), отпишано во 1960 г.

Општинска единица Сенгелово[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Сенгелово на картата на некогашниот округ Сер.

Според пописот од 2001 г., општинската целина Сенгелово (Κοινότητα Αγκίστρου) има 410 жители и опфаќа само едно населено место — Сенгелово (Άγκιστρο, Ангистро).

На територијата на општинската целина се и отпишаните села Вранково (Κάτω Καρυδιά, Като Каридија), Лехово (Κρασοχώρι, Красохори), Трнка (Δαμάσκηνο, Дамаскино) и Хоџово (Άνω Καρυδιά, Ано Каридија).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]