Џаферли
Џаферли Τζαφερλή | |
---|---|
Местото каде се наоѓало Џаферли | |
Координати: 41°17.4′N 23°7.9′E / 41.2900° СГШ; 23.1317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 120 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Џаферли (грчки: Τζαφερλή, Ѕаферли) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во пазувите на Беласица, источно од Горно Порој.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век Џаферли било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џаферли Чифлик (Djaferli-tchiflik) било село со 24 домаќинства на 70 жители Македонци.[2][3]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Џаферли, во пазувите на Беласица, на И од Порој. Тоа е чифлик на х. Лазо од Солун. Освен со земјоделство, селаните се занимаваат и со дрварство. 60 куќи само Македонци.[4][5] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Џаферли броело 100 жители Македонци и 50 Роми.[2][6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Џеферли (Djeferli) имало 120 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.[7]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 44 жители[8] Селото настрадало за време на Првата светска војна, и затоа грчката воена статистика во 1915 г. го води како напуштено.[9] На британска рововска карта од 1918 г. изработена според воздушни снимки се забележуваат 17 запустени градби.[10] Во 1920 г. во селото се попишани 5 жители.[11]
Во 1927 г. селото е отпишано.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 214. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1915). Απαρίθμησις των Κατοίκων των Νέων Επαρχιών της Ελλάδος του Έτους 1913 (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 49.
- ↑ Στατιστικοί πίνακες του πληθυσμού κατ' εθνικότητας των νομών Σερρών και Δράμας. Αθήνα: Επιτελική Υπηρεσία του Ελληνικού Στρατού. 1919. стр. 9.
44. Τζαφερλή
- ↑ Butkova, British First World War Trench Maps, Edition 1A, Scale 1:20.000. Survey Co., R.E., B.S.F. 1918-01-19. Посетено на 26 февруари 2024.
Dzaferli
- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1921). Πληθυσμός του Βασιλείου της Ελλάδος κατά την Απογραφήν της 19 Δεκεμβρίου 1920 - Πραγματικός πληθυσμός (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 281.
|