Радила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Радила
Радила во рамките на Грција
Радила
Радила (Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)


Радила (грчки: Οδηγήτρια, Одигитрија) — село во околината на Валовишта, Серско, Егејска Македонија, Република Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа западно од Валовишта и јужно од Железничката Станица Порој, под чија и општина припаѓа(порано и припаѓало на општината Соколово), на надморска височина од 80 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Неговото население во минатото било турско.К`нчов го забележал со 300 жители, а во 1913 година е регистрирано со 240, при формирањето на општината со 175, а во 1920 година со 161 жител.По нивното иселување во Турција во 1924 година тука биле сместени 45 бегалски семејства со 171 жител, колку што броело селото во 1928 година.Поради концентрација на други бегалски семејства од попасивните села сместени во близина на Радила на северните падини на Круша, селото во 1940 бележи зголемување на бројот на жители и е евидентирано со 356 жители.Меѓутоа како последица од Втората светска војна и Граѓанската војна, во 1951 година е регистрирано со 226 жители.Бројот на жителите во 1961 година повторно се качува на 312, но поради масовните иселувања во градските центри во шеесеттите години во 1971 година паднал на 131, во 1981 година на 100, во 1991 година на 53, а во 2001 на 52 жители.

Економија[уреди | уреди извор]

Главни производи на селото се жито, памук и други земјоделски производи, а поради поволните услови за сточарење внимание му се посветува и на сточарството.

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1924 населението било турско, подоцна било населено со бегалци и е грчко.

Година 1900 1920 1924 1928 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001
Население 300 161 0 171 356 226 312 131 100 53 52

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во постариод период турското население емигрирало во Турција, додека пак во поново време населението емигрира во градовите.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]