Глибовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Глибовци
Глибовци is located in Грција
Глибовци
Глибовци (Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Овласт Околија Сер
Надморска височина 260


Глибовци е село во околината на градот Сер Егејска Македонија, Република Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Глибовци се наоѓа во Валовишката околија во чии рамки административно влегува во составот на општината Палмеш[1]. Сместено е западно од Валовишта и северно од Кукуш во подножјето на Беласица на надморска височина од 260 метри[1]. Селото е поврзано со внатрешноста на земјата со патот кој од Кукуш води за Валовишта и за Кулата, како и со железничката пруга Солун - Софија - Истанбул.

Историja[уреди | уреди извор]

До 1924 година, Глибовци било чисто македонско село, а во статистиките на К'нчов од 1900 се споменува со 240 Македонци. По нивното принудно иселување во Бугарија во 1924 година, тука биле сместени бегалски семејства.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се произведуваат претежно жита и компири, а населението помалку се занимава и со сточарство[2].

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 193 жители, додека во 1920 година Глибовци имало 174 жители. По принудното иселување на македонското население и доселување на бегалските семејства во 1928 се води со 218 жители, во 1940 имало 444, во 1951 со 368, во 1961 со 339, за да опадне во 1971 на 283, во 1981 на 243, а во 1991 се намалила на 195 жители.

години население
1928 218
1940 444
1951 368
1961 339
1971 283
1981 243
1991 195
2001 267

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Симовски Христов, Тодор (1998) (на македонски). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 190. ISBN 9989-9819-4-9. 
  2. Симовски, Тодор (1998). „Валовишка околија“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. Скопје: Институт за национална историја. стр. 190. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]