Анатолу
Анатолу Ανατολή | |
---|---|
Координати: 41°15′N 22°56′E / 41.250° СГШ; 22.933° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 99 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Анатолу или Анадолу (грчки: Ανατολή, Анатоли; до 1927 г. Ανατολού, Анатолу[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 99 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во северозападното подножје на планината Круша, околу 55 км северозападно од градот Сер, на надморска височина од 140 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Анатолу бил турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Анатолу имало 400 жители Турци.[4]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 395 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 340 лица.[3]
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 31 бегалско семејство (вкупно 158 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Анатоли (Ανατολή).[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава со сточарството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 290 | 288 | 406 | 273 | 182 | 167 | 200 | 132 | 99 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 65 квадратни километри.[3] Општината Анатолу била приклучена во општината Беласица во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.
Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Анатолу, во кој е влегуваат и селата Соколово и Тодорово.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 25 март 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 185.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 167. ISBN 954430424X.
|