Прејди на содржината

Старошево

Координати: 41°13′N 23°3′E / 41.217° СГШ; 23.050° ИГД / 41.217; 23.050
Од Википедија — слободната енциклопедија
Старошево
Σταυροδρόμι
Старошево is located in Грција
Старошево
Старошево
Местоположба во областа
Соколово во рамките на Синтика (општина)
Соколово
Местоположба на Соколово во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°13′N 23°3′E / 41.217° СГШ; 23.050° ИГД / 41.217; 23.050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно117
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Старошево или Старошово (познато и како Ставрово; грчки: Σταυροδρόμι, Ставродроми; до 1923 г. Σταρός, Старос[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 117 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и западно од северозападниот брег на Бутковското Езеро, во подножјето на планината Круша, на надморска височина од 90 м.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во XVIII век селото се наоѓало западно од денешното, на месноста Дервено. Поголемиот дел од населението е доселено од пред повеќе од три века од селото Тренчови Колиби во Струмичко, кое се наоѓало на планината Огражден.[4]

Во XIX век Старошево било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Тоа било чифлик на Сари-бег од Солун.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Старош (Staroch) имало 233 домаќинства со 80 жители Македонци и 15 муслимани.[5][6]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Старошово, чифлик на Сари-бег од Солун; 12 час од Бутково; 3 часа јужно од Порој. Грчка црква; ново училиште, во кое се предава мешано. 70 македонски куќи.[7]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Старошево имало 460 жители, сите Македонци.[5][8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Старошево имало 488 Македонци под врховенство на егзархијата и 56 под врховенство на патријаршијата. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 30 ученици.[5][9]

Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[10]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 404 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 220 лица.[3] Во 1923 година, името на селото било променето во Ставродроми (Σταυροδρόμι).[11]

Под притисок од грчките власти, во 1923-24 година, поголемиот дел од македонското население принудно било иселено во внатрешноста на Бугарија и Пиринска Македонија (во Петричко[4]), а на нивно место се населиле 60 бегалски семејства (вкупно 214 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, памук и други земјоделски производи, а поради поволните услови внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 423 477 514 282 277 213 316 151 117
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бутково, во кој е влегуваат и селата Бутково, Дели Хасан и Ќутахли.

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 208.
  4. 4,0 4,1 4,2 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 28.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 851.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  10. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 880. ISBN 954-9800-52-0.
  11. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 1 април 2024.