Прејди на содржината

Мешели

Координати: 41°17.0′N 23°5.0′E / 41.2833° СГШ; 23.0833° ИГД / 41.2833; 23.0833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мешели
Πετρινό
Мешели is located in Грција
Мешели
Мешели
Местоположба во областа
Мешели во рамките на Синтика (општина)
Мешели
Местоположба на Мешели во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°17.0′N 23°5.0′E / 41.2833° СГШ; 23.0833° ИГД / 41.2833; 23.0833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&10000000000000200000000200 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)


Мешели (грчки: Πετρινό или Πετρηνό, Петрино; до 1927 г. Μεσιλή, Месили[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во јужното подножје на Беласица, северно од Мандраџик.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Мешели било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Мишили, оддалечено пет часа на З од Сер. Жителите се орачи, овчари и говедари. 35 куќи само турци.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Мешели живеле 350 Турци.[4]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 492 лица. Селото настрадало во Првата светска војна, поради што во 1920 г. населението се свело на 173 жители.[2] Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Мешели е претставено како наполно дојденско село со 164 жители (40 семејства).[5] Во 1926 г. било преименувано во Петрино, но промената официјално стапила на сила следната 1927 г.[1]

Во 1940 г. населението на Мешели се накачило на 339 лица, а во 1941 г. имало 229 жители, веројатно поради Втората светска војна.[2] Мешели се распаднало за време на Граѓанската војна кога селаните биле преселени во нови куќи во Мандраџик. Власта не дозволила обнова на селото бидејќи било погранично, иако населението и понатаму ги користи имотите во него.[2]

  1. 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 202. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012