Трнка
| Трнка Δαμάσκηνο | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°23.19′N 23°23.42′E / 41.38650°N 23.39033°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Серски |
| Општина | Синтика |
| Општ. единица | Сенгелово |
| Надм. вис. | 130 м |
| Население | |
| • Вкупно | иселено |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Трнка или Трнков Чифлик (грчки: Δαμάσκηνο, Дамаскино; до 1927 г. Τρίνκα, Тринка[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на 35 км северно од Сер и на 20 км северно од Валовишта. Лежи во Светиврачко-петричката Котлина, во северното подножје на Сенгелска Планина. Сместено е на границата со Бугарија, кај вливот на река Башлица во Бистрица.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век Трнка било македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трнка чифлик (Trenka tchiflik) било село со 56 домаќинства на 170 жители Македонци.[3][4]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
| „ | Трнков Чифлик, му припаѓа на К. Златков, богаташ серјанин. Од Валовишта на С 3 часа; до една од сенгеловските реки, која ја прави почвата прилично плодна. Жителите се сите Македонци и има до 25 куќи.[5][6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Трнка живееле 150 Македонци.[3][7]
Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трнков Чифлик (Trinkof-Tchiflik) имало 173 Македонци, сите под Егзархијата.[3][8]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Трнка настрадала во војните, и затоа нејзиното население значително опаднало. Во 1913 г. населението броело 71 жител, а во 1920 г. во него се попишани 52 лица.[2] Во 1923-1924 г. неколку семејства од селото се иселиле во Бугарија, па затоа на пописот од 1928 г. во него се забележани само 35 жители.[2] Во 1927 г. селото е преименувано во Дамаскино.
Во 1940 г. населението пораснало на 55 жители. Во Граѓанската војна, под пристисок на власта, преостанатите жители се иселиле во Бугарија и селото повеќе не било обновено.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- 1 2 3 4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 209–210. ISBN 9989-9819-6-5.
- 1 2 3 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 138–139. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 855.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||