Прејди на содржината

Долна Маала (Валовишко)

Координати: 41°22.47′N 23°17.28′E / 41.37450° СГШ; 23.28800° ИГД / 41.37450; 23.28800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Маала
Κατώμερο
Долна Маала is located in Грција
Долна Маала
Долна Маала
Местоположба во областа
Долна Маала во рамките на Синтика (општина)
Долна Маала
Местоположба на Долна Маала во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°22.47′N 23°17.28′E / 41.37450° СГШ; 23.28800° ИГД / 41.37450; 23.28800
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&10000000000000340000000340 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Долна Маала или Ашаја Маала (грчки: Κατώμερο, Катомеро; до 1927 г. Ασαγιά Μαχαλέ, Ашаја Mахале[1][2]; Ασαγιά Μαχαλά; Асаja Mахала[3][4]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[5]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, јужно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело јужно од селото Тополница и северно под возвишението Ашаја (470 м).[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката каза, во кои влегувале и Средна Маала (Орта Маала) и Горна Маала (Дере Маала).[5] Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало,[7] на македонски наречено и Тополник.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) е село со 76 домаќинства на 190 жители муслимани.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долна Маала било село во Петричката кааза с 365 жители, всички турци.[9] Истовремено во Демирхисарската каза К’нчов посочува и село Топалник Долни со 370 жители Турци.[10]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 158 жители, а во 1920 г. во него е попишано 161 лице.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор неговото население, како муслиманско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки колонисти.[5] Во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско со вкупно 221 жител.[5]

Во 1940 г. бројот на жители се намалил на 111. Селото е евакуирано на 13 март 1941 г., малку пред германската инвазија, и населението е сместено во околните села, па дури и во други делови на Грција.[1] По војната тоа не е обновено поради својата гранична местоположба.[5] Отпишано е во 1951 г.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών“. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 2022-12-13.
  2. Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1921). Πληθυσμός του Βασιλείου της Ελλάδος κατά την Απογραφήν της 19 Δεκεμβρίου 1920 - Πραγματικός πληθυσμός (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 282.
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1915). Απαρίθμησις των Κατοίκων των Νέων Επαρχιών της Ελλάδος του Έτους 1913 (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 48.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 186. ISBN 9989-9819-6-5.
  6. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  7. Влаховъ, Георги Д (1904). Карта България. Съставена по най-новитѣ карти на Сръбския, Българския и Руския Генерални Щабове съ допълнителни изменения на съобщенията по свѣдения, дадени отъ г. г. Окрѫж. Инженери, чрѣзъ Министерството на Обществ. Сгради и пр. Статистическитѣ свѣдения сѫ взети отъ Дирекцията на Статистиката по послѣднитѣ и нови прѣброявания. София: Лит. Рах. Нисимовъ & Иванъ Празе.
  8. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 187. ISBN 954430424X.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.