Латрово

Координати: 41°14′N 23°22′E / 41.233° СГШ; 23.367° ИГД / 41.233; 23.367
Од Википедија — слободната енциклопедија
Латрово
Χορτερό
Латрово is located in Грција
Латрово
Латрово
Местоположба во областа
Латрово во рамките на Синтика (општина)
Латрово
Местоположба на Латрово во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°14′N 23°22′E / 41.233° СГШ; 23.367° ИГД / 41.233; 23.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно628
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Латрово (познато и како Латарово, Латерово или Латурово; грчки: Χορτερό, Хортеро; до 1927 г. Λάτροβο, Латрово[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 628 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Серското Поле, на 4 км југозападно од градот Валовишта, на надморска височина од 90 м. Се наоѓа во непосредна близина на железничката линија Сер-Валовишта.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Латрово било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Литарево (Litarevo) имало 200 домаќинства и 700 жители Македонци.[4][5]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Латрово, чифлик и село на 12 час југозападно од Валовишта. Произведува секакви жита и познати свињи. Грчка црква. 110 македонски куќи.[6]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Латрово имало 360 жители, сите Македонци.[4][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Латрово имало 360 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[4][8]

Во Првата балканска војна, 4 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 292 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 284 лица.[3]

Под притисок од грчките власти, во 1924 година, 4 семејства или 17 лица принудно биле иселени во Бугарија, а на нивно место се населиле 68 бегалски семејства (вкупно 259 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Хортеро (Χορτερό).[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле само 170 жители, бидејќи бегалците се иселиле пред Втората светска војна. По Втората светска војна населението се вратило, а за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) се доселиле жители од околните планински села.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението одгледува многу памук, фуражни култури и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на краварството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 691 945 872 839 782 715 622 628
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 9 квадратни километри.[3] Општината Латрово била приклучена во општината Валовишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Латрово, во кој е единствено село.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Латрово

Починати во Латрово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2023-02-29. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 199.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 858.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  9. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 851. ISBN 954-9800-52-0.
  10. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 45. ISBN 954-9800-52-0.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 152. ISBN 954-9800-52-0.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 123. ISBN 954-9800-52-0.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 229. ISBN 954-9800-52-0.
  14. 14,0 14,1 Радовски, Александър. Мице Чегански, Фабер, Велико Търново, 2020, стр. 132.