Рупел

Координати: 41°19.28′N 23°21.6′E / 41.32133° СГШ; 23.3600° ИГД / 41.32133; 23.3600
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рупел
Κατώμερο
Бегалски камп на местото на Рупел
Бегалски камп на местото на Рупел
Рупел is located in Грција
Рупел
Рупел
Местоположба во областа
Рупел во рамките на Синтика (општина)
Рупел
Местоположба на Рупел во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°19.28′N 23°21.6′E / 41.32133° СГШ; 23.3600° ИГД / 41.32133; 23.3600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаДраготин
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Рупел (грчки: Κλειδί, Клиди; до 1926 г. Ρούπελ, Рупел[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до неготово растурање било населено со Македонци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Рупел е било разположено на 31 километра северно от град Сер и на 15 километра северно от Валовишта (Сидирокастро) в центъра на Рупелската Клисура. Селото се е намирало на левия бряг на Струма в западните поли на Сенгелска Планина.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Се смета дека името доаѓа од поимот рупа што значи дупка, галерија за руда, и наставката -ел.[4]

Средновековие[уреди | уреди извор]

На ридот Кула југоисточно над селото са остатоците од средновековна кула која го штитела патот низ Рупелската Клисура.[5]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Рупел било македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рупел (Roupel) било село со 224 домаќинства на 600 жители Македонци и 100 жители муслимани.[6][7]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Рупел, на север од Валовишта 212 часа; на еден рид. Оттука почнуваат истоимените теснини. Најстрмен и најтесен пат е кај таканаречената „Маркова Скала“, грамадна карпа вертикално над Струма. 12 час подолу се ановите Дервент, каде со сплавови се преминува за Порој, Кукуш и Дојран. Покрај земјоделството главно занимање на жителите е и сточарството. Грчка црква. 60 куќи само Македонци.[8][9]

Атанас Шопов го посетил селото и во 1893 г. го опишал како македонско.[6][10]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рупел живееле 280 Македонци.[6][11]

Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По данни на секретаря на екзархията Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година в Рупел (Roupel) има 320 Македонци егзархисти[6] и бугарско училиште со 1 учител и 14 ученици.[12]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во селото имало 177 жители кои во 1920 г. пораснале на 206 лица.[2] Во 1920-тите само неколку семејства од Рупел се иселиле во Бугарија, а властие довеле сосема мал број грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото се води како етнички мешано, со само 8 лица (3 семејства) грчки дојденци, а остатокот македонски староседелци.[13] Во 1926 г. е преименувано во Клидион, во превод клуч, бидејќи споре днекои грчки историчари токму тука се одиграла Беласичката битка (Битката кај Клуч) меѓу војските на византискиот цар Василиј II и македонскиот Цар Самоил.

Во 1930-тите г. на 3 км североисточно од селото е изградена тврдината Рупел (Ρούπελ), дел од линијата „Метаксас“. Во 1940 г. селото е попишано со 304 жители, од кои 186 биле мажи, што значи дека со селаните е попишана и погранична воена единица.[2] Крај оваа линија во април 1941 г. се развила голема битка со германската војска која малку го забавила настапувањето на Германците.[14] Потоа подрачјето е преземено под команда на бугарската бојска. По војната властите не дозволиле обнова на селото поради неговата погранична положба.

Од Рупел останала само црквата „Св. Димитриј“, обновена во периодот од 1930 до 1940 г. на местото на средновековен храм.[5]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Никола Попстаноев — револуционер на ВМОРО, раководител на рупелската селска чета во Илинденското востание[15]
  • Дина Стојков — борец во МОО, четата на Георги Занков[16]
  • Никола Константинов (Костадинов 1877 - ?) — борец во МОО, четата на Георги Занков, Нестројна чета на XIV Воденска дружина[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 206. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  4. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 184–185.
  5. 5,0 5,1 „Πύργος στο Ρούπελ“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 2 март 2024.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  9. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 856.
  10. Шоповъ, А (1893). Изъ живота и положението на българитѣ въ вилаетите (PDF). Пловдивъ: Търговска Печатница. стр. 145.
  11. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  12. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  14. Η Μάχη στο Οχυρό Ρούπελ Архивирано на 23 мај 2013..
  15. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 138. ISBN 954-9514-28-5.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 656. ISBN 954-9800-52-0.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 360. ISBN 954-9800-52-0.